Воздухопловна федерација на Македонија

Воздухопловната федерација на Македонија е член на Меѓународната воздухопловна федерација (FAI) и е единствен официјален македонски претставник за воздухопловните спортови.

Статут на Воздухопловната федерација на Македонија |



С Т А Т У Т

Врз основа на член 20. од Уставот на Република Македонија (СВ на РМ бр.52/91) , член 5., 20., 72. и 76. од Законот за здруженија на граѓани и фондации (СВ на РМ бр. 31/98), Закон за воздухопловство (СВ на РМ бр.14/06), Закон за спорт (СВ на РМ бр.29/02) и член 23. од Статутот на Воздухопловната Федерација на Македонија, Собранието на ВФМ на својата  Седница одржана на 21.09.2007.година донесе

 

 

С Т А Т У Т
на ВОЗДУХОПЛОВНА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

 

I. ОСНОВНИ  ОДРЕДБИ

 

Член 1.

 Име на организацијата е:
ВОЗДУХОПЛОВНА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА
Со седиште во:
Скопје 1000 на ул. Мирослав Крлежа бр.1. тел/фах +389 2 312 90 90,   +389 2 3116382, www.vfm.org.mk, e-mail: office@vfm.org.mk
Во меѓународните институции името на организација се пишува:
AERONAUTICAL FEDERATION OF MACEDONIA

Член 2.

Воздухопловна Федерација на Македонија (во понатамошен текст ВФМ) е Национална спортска федерација во која членуваат (се здружуваат) спортски здруженија (спортски клубови) и други правни лица кои вршат дејност од областа на воздухопловството и воздухопловниот спорт.

Член 3.

 ВФМ е неполитичка вон партиска организација и не врши политичко и верско организирање и дејствување.
Член 4.

 ВФМ својата активност ја извршува на територијата на Република Македонија.

Член 5.

 Активностите на ВФМ и нејзините членки опфаќаат: воздухопловно и ракетно моделарство, падобранството, параглајдерството, змејарството, балонерство, воздухопловно едриличарство, моторното летање (општа авијација), летање со ултра лесни летала и самоградби и други воздухопловни и аеронаутички активности сврзани со воздухопловството и воздухопловните спортови.
Воздухопловните и воздухопловно спортските дејности и активности ВФМ и нејзините членки ги извршуваат во согласност со Законите на Р.Македонија, Статутот на ВФМ, Статутот и Спортските правилници на Меѓународната Воздухопловна Федерација (FAI-ФАИ)(во понатамошен текст ФАИ).

Член 6.

ВФМ е правно лице со ограничена одговорност, непрофитна организација, со права, обврски и одговорности кои произлегуваат од Уставот, Законите и Статутот на ВФМ.
За свои обврски ВФМ одговара со својот имот и сопствени средства според Законот.

Член 7.

 ВФМ е активен и полноправен член на Меѓународната воздухопловна Федерација (ФАИ) и е единствена која во неа ги застапува интересите на воздухопловните спортисти од Р.Македонија во областа на воздухопловниот спорт.
Како полноправен член на ФАИ, ВФМ организира меѓународни воздухопловни спортски натпревари и манифестации.
ВФМ има право, покрај својот знак да го употребува и знакот на ФАИ.

Член 8.

 ВФМ има свој знак, знаме, печат и штембил, како официјални обележја.
Знакот на ВФМ преставива стилизирана птица во лет над која се наоѓа падобран, а помеѓу нив стои кратенка ВФМ.
 Знамето на ВФМ е со сина боја, во размер 1:2 со знакот на ВФМ во средина.
Печатот има округла форма со пречник 35мм, ограничен со дебела и тенка линија. На периферија во кружна форма е напишано “Воздухопловна Федерација на Македонија“. Во средината е знакот на ВФМ, а под него “Скопје“.
Штембилот има четириаголна форма со димензии 45мм на 35мм, најгоре е поставен знакот на ВФМ, а под него следи текст:

                          ВОЗДУХОПЛОВНА ФЕДЕРАЦИЈА
НА МАКЕДОНИЈА
Бр.__________________
____________20   год.
С К О П Ј Е

Текстот на печатот и штембилот е напишан на кирилично писмо.

Член 9.

ВФМ е доброволно здружена во Македонскиот олимписки комитет, Сојуз на спортски Федерации на Македонија и Сојуз на организации за техничка култура на Македонија (Народна техника на Македонија).
На полето на спортот и едукацијата, ВФМ активно соработува со Агенцијата за млади и спорт.
ВФМ може да членува и да се здружува и со други сродни организации и асоциации во земјата и во странство.

Член 10.

Органи на ВФМ се: Собрание, Председателство и Надзорен одбор.

Член 11.

 ВФМ го преставуваат: Председател и Подпредседател на ВФМ, а го застапува: Генерален секретар на ВФМ.

 

 

II. ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА ВФМ

Член 12.

 Основни цели на ВФМ се:

1.-Развивање и унапредување на воздухопловните активности и воздухопловниот спорт, опишани во Статутот на Меѓународната воздухопловна федерација (ФАИ).

2.-Преку воздухопловниот спорт да ги образува и воспитува младите лиѓе за меѓусебното разбирање и пријателство и развивање на воздухопловната и воздухопловнотехничката култура.

3.-Преку организирање на домашни и меѓународни воздухопловни натпревари и други спортски манифестации, ги собира и организира спортистите.

4.-На меѓународен план, во склад со начелата на ФАИ, го развива меѓународниот интернационализам.

Член 13.

 Основни задачи:

1.-Утврдување на основа за заедничка политика во развојот на воздухопловниот спорт во Р. Македонија.
2.-Ги координира активностите во обуката, школувањето и стручното усовршување на воздухопловните кадри.
3.-Учествува во подготвување и  утврдување на програми и правилници усогласени со Законот за воздухопловство.
4.-Учествува во подготовка и изготвување на системот на правилници за воздухоплони спортски натпревари во согласност со правилниците на ФАИ.
5.-Ги преставува и застапува интересите на своите членки пред државните органи и меѓународните организаци во кои членува.
6.-Ги утврдува и учествува во реализација на програмите за подготовка и учество на македонските спортисти на меѓународни воздухопловни натпревари.
7.-Учествува во организирање и одржување на националните натпревари во воздухопловниот спорт според Годишниот спортски календар.
8.-Конкурира во ФАИ за добивање организација на меѓународни натпревари и манифестации.
9.-Учествува во организирање и одржување на меѓународни воздухопловни натпревари  кои се доделени на Р.Македонија.
10.-Делегира преставници во меѓународни организации и асоциации.
11.-Извршува активности и задачи, кои според статутот на ФАИ и други меѓународни организации, чија е членка, има право и обврска.
12.-Ги штити интересите на своите членови во користењето на воздушниот простор, како и при стекнување на летачки и воздухопловнотехнички дозволи и овластувања и правата за вршење на воздухопловните активности.
13.-Извршува работи кои произлегуваат од пренесени овластувања од страна на државните органи.
14.-Назначува делегати за државни натпревари.
15.-Именува членовите на државните репрезентации за учество на  европски и светски првенства.
16.-Соработува со надлежни државни органи, стопански и други организации и поединци со цел да обезбеди средства и донации за работа и развој на воздухопловхиот спорт.
17.-Соработува со воздухопловните државни органи и ги координира активностите со своите членки во превземање на мерки и постапки за подобрување и зголемување на безбедноста на летањето и другите воздухопловни активности.
18.-Води евиденција и врши распоредување и прераспоредување на материјално-технички средства и опрема, кои се водат како сопственост на ВФМ.
19.-Формира Совет на организации за летачка обука, кој се бави со стручните активности во организациите за летачка обука.
20.-Учествува во издавање на стручна литература и публикации од областа на воздухопловството, како и службена евиденција и образци за потребите на воздухопловниот спорт.
21.-Дава стручно мислење и сугестии до надлежните органи при донесување или менување на нормативно-правната регулатива.
22.-Изготвува нормативни акти и регулатива за категоризација на спортисти и доделување на награди и признанија.
23.-ВФМ со своите членки може да учествува во деловни активности кои се во интерес на примарната дејност и развојот на воздухопловниот спорт.
24.-Заради остварување сопствени цели, интереси и добивка, може да формира друштво со ограничена одговорност или акционерско друштво согласно Законот за спорт и Законот за трговски друштва.
25.-Соработува со Националната антидопинг комисија и другите организации и институции кои се занимаваат со оваа проблематика, за преземање на мерки и постапки во спречување на користењето на стимулативни средства, кои се забранети и штетни по здравје.
26.-Ја потикнува и стимулира конструкторската дејност и самоградбата на воздухоплови.
27.-Превзема активности во медиумското преставување и пропагирање на активностите на ВФМ и нејзините членки.
28.-Управува и одговара за управувањето со имотот на ВФМ.
29.-Извршува и други активности утврдени од страна на органите на ВФМ.

III. ЧЛЕНОВИ  НА  ВФМ

Член 14.

Во ВФМ може да членуваат регистрирани спортски здруженија (спортски клубови) и други правни лица во областа на воздухопловството и воздухопловниот спортот.
Членовите на здружените членки  воедно се и членови на ВФМ.

Член 15.

 Спортски клуб во смисла на овој Статут, Законот за спорт и Законот за воздухопловство, е спортско здружение, односно трговско друштво, кое врши воздухопловно-спортска дејност.
Други правни лица, во смисла на овој Статут, Законот за спорт и Законот за воздухопловство се: трговец-поединец и трговско друштво регистрирани за вршење на воздухопловна и воздухопловна-спортска дејност , како и правно лице кое покрај регистрацијата за вршење дејност од друга област, е регистрирано за вршење на воздухопловна и воздухопловно-спортска дејност.

Член 16.

 За зачленување во ВФМ спортските здруженија (спортски клубови) и други правни лица од областа на воздухопловството и воздухопловниот спорт треба да ги исполнат следните услови:
1.-Да се основани (регистрирани) во согласност со Законот за здруженија на граѓани и фондации, Законот за спорт и Законот за воздухопловство.
2.-Да поднесат барање за доброволно зачленување во ВФМ.
3.-Да поднесат Статут кој е усогласен со Статутот на ВФМ.
4.-Да ги исполнуваат основните услови за работа:
-да имаат обезбедено соодветни објекти и опрема,
-обезбедено соодветен стручен кадар.
Доколку членката на ВФМ сака да учествува, или да организира натпревар или систем на натпревари, потребно е од Агенцијата за млади и спорт, сходно Законот за спорт, да добие–Решение за вршење дејност спорт.
Одлуката за прием во членство ја донесува Председателството на ВФМ на предлог и со мислење од Комисијата за разгледување документи за здружување во ВФМ, а се верифицира на првата наредна седница на Собранието на ВФМ.

Член 17.
 
Права и должности на членките на ВФМ:

 1.-Самостојно одлучуваат за зачленување и истапување од ВФМ.
2.-Самостојно ги донесуваат своите Статути и други општи акти со кои ја уредуваат својата организација и начинот на работата, но во склад со Статутот на ВФМ.
3.-Имаат право и обврска да ги извршуваат воздухопловните и воздухопловно-спортските активности планирани и организирани од ВФМ.
4.-Уредно ја плаќаат пропишаната членарина и другите финансиски обврски кон ВФМ.
5.-Да го почитуваат Статутот и другите општи акт на ВФМ.
6.-Членките на ВФМ се стекнуваат со прево да делегираат свои членови во органите и телата на ВФМ, како и нивните членови да бидат делегирани во повисоки органи и меѓународни организации од страна на ВФМ.
7.-Делегираните членови имаат право да предлагаат решенија од заеднички интерес, да ги усогласуваат своите ставови и интереси со другите членки и преставници на ВФМ, да ги застапуваат интересите на здруженијата од кои се делегирани и да работат на унапредување на заедничките интереси.
8.-Со зачленивање во ВФМ здружените организации, за своите членови, обезбедуваат право за учество на домашни (државни првенства) и меѓународни натпревари (официјални европски и светски првенства и светски воздухопловни игри), како и одредена финансиска поддршка за настапот, од средствата обезбедени од Агенцијата за млади и спорт и други донации и приходи, како и право да организираат воздухопловно-спортски натпревари и други манифестации.
9.-Здружените организации имаат право на користење на материјални средства и опрема со кои располага ВФМ, како и ново набавените средства, кои се распределуваат со одлуки на Председателството на ВФМ.
10.-Здружените организации преку ВФМ обезбедуваат натпреварувачки (спортски) дозволи за своите спортисти, за учество на домашни и меѓународни натпревари.
По овластување од надлежниот државен орган, ВФМ може да издава и други видови на дозволи (лиценци) и овластувања за своите членки.
11.-Преку своите преставници учествуваат во работата на Собранието на ВФМ и со тоа го остваруваат своето влијание на работата на ВФМ.
12.-Должни се сите измени и дополни во своите Статути да ги достават до ВФМ.
13.-Должни се, по барање од ВФМ, да доставуваат статистички извештаи за своите членови, за состојбата на материјалните средства и опремата, кои се во сопственост на ВФМ, билтени за учество на домашни и меѓународни натпревари и други податоци потребни во работата на ВФМ.
14.-За полесно остварување на своите интереси, во одредена воздухопловна гранка во рамките на ВФМ, здружените членки може да се организираат во сојузи.

Член 18.

 Членарината во ВФМ преставува еден од приходите наменети за извршување на програнските задачи на ВФМ и нејзините членки, како и подмирување на членарината во ФАИ и другите меѓународни организации.
Висината на членарината во ВФМ и динамиката на нејзината уплата се одредува со акт донесен од страна на Председателството на ВФМ.

Член 19.

 Членка на ВФМ може да истапи од членството на ВФМ врз основа на одлуката на својот највисок орган на управување и кога за тоа ќе го извести Председателството на ВФМ.
Членка која истапува од ВФМ, должна е да ги измири сите свои финансиски и материјални обврски кон ВФМ и на ВФМ и ги врати сите воздухоплови, воздухопловно-технички средства и опрема, и други материјални средства, кои ги има добиено од страна на ВФМ или преку ВФМ.

 Членка која истапува од ВФМ има право да го повлече имотот кој го има внесено во ВФМ, како и делот на имотот кој го стекнала за време на своето членување во ВФМ.
Објектите и материјалните средства кои се во сопственост на ВФМ, државата или единиците на локалната самоуправа не можат да се вклучат во имотот на трговското друштво со регистрирање на спортското здружение на граѓани (спортски клуб) во трговско друштво.
Председателството на ВФМ со своја одлука го констатира престанокот на членството во ВФМ на членката која истапила од ВФМ и ги утврдува нејзините финансиски и материјални обврски кон ВФМ.

Член 20.

 Во случај кога членка на ВФМ не го почитува Статутот на ВФМ и другите општи акти на ВФМ, или кога со своето дејание и однесување битно го нарушува угледот на ВФМ и другите членки, Председателството на ВФМ може да донесе одлука за исклучување од членство во ВФМ, а одлуката се верифицира на првата наредна седница на Собранието на ВФМ.

Член 21.

 Членка на која и престанало членувањето во ВФМ, нема право да извршува било какви активности во ВФМ.

IV. ОРГАНИ  НА  ВФМ

1.-Собрание на ВФМ

член 22.

 Собранието на ВФМ е највисок орган на управување со ВФМ.
Мандатот на Собранието на ВФМ е 4 (четири) години.
Собранието на ВФМ има надлежност да:

1.-Го донесува Статутот на ВФМ и Деловникот за работа на Собранието на ВФМ и врши нивна измена и дополна.
2.-Го разгледува извештајот за работата на ВФМ.
3.-Го бира и разрешува Председателството, Председателот и Надзорниот одбор на ВФМ.
4.-Го верифицира составот на Собранието и Председателството на ВФМ, избрани согласно со овој Статут.
5.-Ги утврдува основите, насоките и политиката на развојот предвидени со Статутот на ВФМ.
6.-Донесува долгорочни програми за развој и работа на ВФМ.
7.-Го одредува и верифицира системот на избор на членови на Председателството на ВФМ, а го пренесува овластувањето на Предсдателството на ВФМ да разрешува членови на Председателството на ВФМ и на нивно место избира нови, но максимално до 20% од вкупниот број на членовите на Председателството на ВФМ и според укажаната потреба да го зголеми бројот на членовите на Председателството на ВФМ до 20% во однос на вкупниот број утврден со Статутот на ВФМ.
8.-По предлог на Председателството на ВФМ избира Председател на ВФМ.
9.-Го разгледува финансиското работење на ВФМ.
10.-Доколку се формира друштво со ограничена одговорност или акционерско друштво заради остварување на целите на ВФМ, Собранието го бира раководното лице на тоа друштво.
11.-Одлучува по жалби на членките  на ВФМ  за поважните одлуки на Председателството на ВФМ.
12.-Одлучува за сите суштински прашања кои ќе ги покрене Председателството на ВФМ и Надзорниот одбор на ВФМ.
13.-Одлуките на Собранието на ВФМ за сите прашања се конечни и обврзувачки за сите членки и органи на ВФМ.

Член 23.

Собранието на ВФМ го сочинуваат:

1.-Председател на ВФМ, членови на Председателство на ВФМ и председателите на стручните комисии.
2.-По 3 (троица) преставници од воздухопловните спортски клубови кои имаат активни членови во најмалку три воздухопловни гранки.
3.-По 2 (дваица)  преставници од воздухопловните спортски клубови кои имаат активни членови во помлку од три воздухопловни гранки.
4.-Преставници од институцијии, организацијии или поединци, који имаат битно влијание на работата на ВФМ и воздухопловните спортски клубови, а кои ги утврдува Председателството на ВФМ, (не повеќе од седум- (7) -преставника).

 

Член 24.

 Секој преставник во Собранието на ВФМ должен е при доаѓање на изборната (конститутивна) седницата на ВФМ да донесе писмено овластување потпишано од највисикиот легитимен преставник на организацојата, дека неговата организација го избрала за свој преставник.
Членовите на Собранието на ВФМ рамноправно учествуваат во расправите и одлучувањето со полно право на глас.

Член 25.

 Собранието на ВФМ може полноважно да заседава и одлучува, ако на седницата присуствуваат повеќе од половина членови на Собранието.
Собранието на ВФМ одлуките ги носи со мнозинство на гласови од присутните членови на Собранието.
Исклучок од предходниот став преставува донесување на Одлука за престанок на работа на ВФМ, при што усвојувањето ќе се изврши со гласање и кога за него ќе се изјаснат најмалку две третини од вкупниот број на членови на Собранието на ВФМ.
Гласањето за сите одлуки на Собранието на ВФМ е јавно, доколку Собранието не одлучи поинаку за начинот на гласањето, за поедини одлуки, во текот на усвојувањето на Деловникот за работа на Собранието, дали гласањето ќе биде тајно.

Член 26.

Собранието на ВФМ работи на седници.
Собранието на ВФМ се одржува по потреба, а најмалку еднаш годишно.
Седниците на Собранието на ВФМ ги свикува Председателот на ВФМ.
Поканите за седницата на Собранието на ВФМ, заедно со предлогот на дневениот ред и работните материјали, на членовите им се доставуваат преку здружените клубови, најмалку 10 (десет) дена пред одржувањето на седницата.
Со седниците на Собранието на ВФМ раководи Председателот на ВФМ, според утврдениот Деловник за работа.
Со изборните (конститутиивните) седници на Собранието на ВФМ, раководи Работното Председателство, кое се избира на самата седница.
За изборните (констутивните) Седници, се усвојува Деловник за работа, кој важи само за таа Седница.

Член 27.

Вонредни седници на Собранието на ВФМ се свикуваат:
-По барање на минимум 1/5 од вкупниот број на членовите на Собранието на ВФМ,
Вонредна седница на Собранието на ВФМ, Председателот на ВФМ треба да свика во рок од 14 (четрнаесет) дена од денот на дадениот предлог, доколку не ја свика, неа ја свикува Председателството на ВФМ во рок од 14 (четрнаесет) дена, доколку ни тоа не ја свика, вонредната седница ја свикуваат иницијаторите.
Вонредна седница за работата на Председателството на ВФМ, може да свика и Надзорниот одбор.
Поканите и материјалите за вонредната седница на Собранието на ВФМ, се доставуваат на ист начин како и за редовната седница.
На вонредната седница, Собранието на ВФМ има право да одлучува по прашања од своја надлежност по исти критериуми како и на редовната седница на Собранието на ВФМ.

Член 28.

На редовните и вонредните седници на Собранието на ВФМ може да присуствуваат во својство на набљудувачи и гости, поединци и преставници на други организации со право на учество во дискусии, доколку тоа им го дозволи Председавачот на Собранието, но без право на глас.
Записникот и одлуките од седницата на Собранието на ВФМ, се доставуваат до сите здружени клубови кои имаат преставник во Собранието на ВФМ, до Председателот на ВФМ, Подпредседателот на ВФМ и до Председателите на Стручните комисии, најдоцна 20 (дваесет) дена по завршувањето на седницата на Собранието на ВФМ.
Член 29.

 Предлогот за избор на Председател на ВФМ, го утврдува Председателството на ВФМ,  а изборот го врши Собранието на ВФМ со мнозинство гласови од присутните делегати.

 

 

2.-Председателство на ВФМ

Член 30.

Председателството на ВФМ е извршен орган, избран од Собранието на ВФМ, кој раководи и управува со ВФМ и непосредно ги реализира Програмите и Одлуките на Собранието на ВФМ.
Мандатот на членовите на Председателството на ВФМ трае 4 (четири) години со право на повторен избор.
По конституирањето на Председателството на ВФМ, на предлог на Председателот на ВФМ, од членовите на Председателството се избира Подпредседател на ВФМ.

Председателството на ВФМ:

1.-Ги подготвува седниците на Собранието на ВФМ,
2.-Подготвува нацрт за нов Статут на ВФМ и предлози за негови измени, како и други одлуки кои треба да ги донесе Собранието на ВФМ,
3.-Ја спроведува политиката, одлуките и заклучоците донесени од страна на Собранијето на ВФМ.
4.-Управува и одговара за управувањето со имотот на ВФМ.
5.-Донесува годишна Програма за работа и финансиски план.
6.-Донесува општи и посебни акти, согласно програмските цели на ВФМ, кои не се во надлежност на Собранието на ВФМ.
7.-Својата работа ја врши согласно Статутот на ВФМ.
8.-Обезбедува почитување на Правилниците и другите акти донесени од Меѓународна воздухопловна федерација (ФАИ).
9.-Прави годишни и периодични извештаи за работата на ВФМ со финансиски преглед.
10.-Прави Планови за развој и унапредување на воздухопловството и  воздухопловниот спорт.
11.-Избира Подпредседател на ВФМ од членовите на Председателството на ВФМ, на предлог на Председателот на ВФМ.
12.-Прави Програма за обнова на материјалната база на ВФМ и здружените членки.
13.-Донесува одлуки за распоредување, прераспоредување и доделување на материјално-технички средства и опрема.
14.-Донесува одлуки за набавка, отуѓување и издавање под закуп на објекти, материјално-технички средства и опрема, кои се дефинирани како средства на ВФМ.
15.-На предлог на стручните Комисии именува селектори на репрезентации во сите воздухопловн гранки.
16.-Ги усвојува Програмите за работа на селекторите за активностите на репрезентациите.
17.-Одлучува за избор, именување, делегирање, замена и отповикување на членови, делегирани во разни домашни и меѓународни асоцијации и институции.
18.-Го усвојува Годишниот спортски календар, со што го одобрува организирањето на Државните првенства и другите натпревари во сите воздухопловни гранки, предложен од страна на стручните Комисии, а усогласен во Комисијата за спорт,  одлучува за системот на спортските натпревари во ВФМ и носи одлуки на кои клубови и организации ќе им биде доделено непосредното организирање на државните првенства и меѓународните натпревари.
19.-Донесува одлуки за кандидирање на ВФМ за организирање и одржување на светски, европски и други меѓународни натпревари во Р.Македонија и учество на наши репрезентации и натпреварувачи на натпревари во странство.
20.-Обезбедува надзор над спроведувањето на донесените планови, програми, одлуки и решенија.
21.-Донесува одлука за избор, именување и разрешување на Генералниот секретар на ВФМ.
22.-Формира Стручна служба на ВФМ и ја контролира нејзината работа преку Генералниот секретар на ВФМ.
23.-Свикува седници на Собранието на ВФМ.
24.-Донесува одлуки за финансиско задолжување на ВФМ.
25.-Ја следи и анализира безбедноста на летањето во сите воздухопловни гранки, превентивно делува, превзема мерки и постапки доколку е таа нарушена, ако е потребно формира посебна Комисија за безбедност на летањето и соработува со сите институции кои се надлежни за оваа проблематика.
26.-Определува критериуми за формирање на стручни Комисии, како помошни стручни тела, ги назначува (именува) членовите на стручните комисии и со посебна одлука може да им пренесе работи од своја надлежност.
27.-Ги анализира и усвојува Програмите, Плановите за работа и извештаите на стручните комисии.
28.-Остварува соработка со органи и институции на сите нивоа, во државата и во странство, единиците на локалната самоуправа и Град Скопје и другите организации и институции.
29.-Ги разгледува извештаите и наодите на Надзорниот одбор и превзема мерки и активности по истите.
30.-Одлучува, врз основа на предлогот на Комисијата за награди и признанија, за доделување на воспоставените домашни и меѓународни награди и признанија.
31.-Донесува одлуки по поднесените приговори, жалби и поплаки од здружените членки или поединци од својата надлежност.
32.-Одлучува за критериумите и висината на членарината што ја плаќаат здружените членки.
33.-Одлучува за исклучување од членство во ВФМ на здружените членки, врз основа на зацртаните критериуми и таа одлука ја верифицира на првото наредна седница на Собранието на ВФМ .
34.-Дава мислење и согласност за меѓународна соработка на здружените клубови со клубови од други држави.
35.-Донесува Деловник за работа на Председателството на ВФМ.
36.-Донесува одлука за избор на најдобри спортисти по гранки во изминатата сезона, на предлогот на стручните Комисии, а врз основа на утврдените критериуми.
37.-Донесува одлука за финансиски потписници.
38.-Одлучува за издавачка, пропагандна и маркетиншка активност на ВФМ.
39.-Извршува и други активности кои произлегуваат од овој Статут и носи одлуки за други нормативно-правни акти сврзани со активностите предвидени со Статутот на ВФМ.
40.-Носи одлука за усвојување на Завршната сметка.

Член 31.

Председателството на ВФМ брои 11 (единаесет) члена.

Членови на Председателството на ВФМ по функција се:

-1 (еден) член, Председател на ВФМ, се избира на изборното Собрание на ВФМ,
-5 (пет) члена, по функција се Председатели на Управните одбори на Воздухопловните спортски клубови кои имаат активни членови во најмалку три воздухопловни гранки,
-3 (три) члена, преставници на воздухопловни спортски клубови кои имаат активни членови во помалку од три воздухопловни гранки.
-2 (два) члена, преставници на институции или организации, или поединци кои битно придонесуваат (или можат да придонесат) во развојот на воздухопловството и  воздухопловниот спорт,

 

Член 32.

 Председателството на ВФМ работи и одлучува на седници.
Седниците на Председателството на ВФМ ги свикува Председателот на ВФМ со писмени покани и утврден Дневен ред. Точките на Дневниот ред ги одредува Председателот на ВФМ по своја одлука или на предлог на другите членови на Председателството на ВФМ. Измени и дополни пред почетокот на седницата одобрува Председателот на ВФМ само до колку се однесуваат на итни работи или не можеле да се предвидат во подготовката за седницата.
По исклучок на предходниот став, во случај на итност Председателот на ВФМ седницата може да ја свика и по телефон или електронски пат.
Поканите за седниците на Председателството на ВФМ, со Дневен ред и пратечкиот материјал, се доставуваат на членовите на Председателството на ВФМ најмалку 7 (седум) дена пред почетокот на седницата.
Редовни седници на Председателството на ВФМ по правило се одржуваат еднаш во 3 (три) месеци.
Вонредни седници на Председателството на ВФМ се свикуваат по  барање на 1/3 на членовите на Председателството на ВФМ.
Вонредните седници на Председателството на ВФМ мора да бидат свикани во рок од 14 (четиринаесет) дена од денот на доставувањето на барањето.
Со седниците на Председателството на ВФМ председава и ги води Председателот на ВФМ, а во негова отсатност Потпредседателот на ВФМ.

Член 33.

Председателството на ВФМ може полноважно да работи и одлучува, доколку на седницата присуствуваат повеќе од половина негови членови.
Одлуките на Председателството на ВФМ се полноважни, доколку се донесени со мнозинство гласови од вкупниот број на присатните членови.
Гласањето на седниците на Председателството на ВФМ по правило е јавно.
Работата на ВФМ, како и седниците на Председателството на ВФМ се јавни и отворени.
Исклучок од предходниот став може да направи Председателот на ВФМ и да свика “затворена седница“ на Председателството на ВФМ.
Записник од седницата на Председателството на ВФМ се доставува на членовите на Председателството на ВФМ во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на одржувањето на седницата.

 

3.-Надзорен одбор
Член 34.

 Надзорниот одбор е орган на ВФМ избран од страна на Собранието на ВФМ, кој согласно Статутот на ВФМ, врши контрола во спроведувањето на Статутот на ВФМ и општите акти  кои произлегуваат од него.
Надзорниот одбор на ВФМ врши контрола во располагањето со средствата на ВФМ, на завршната сметка на ВФМ,  во донесувањето и правилноста на примената на општите акти на ВФМ, за законитоста во работењето на ВФМ и почитувањето на Статутот на ВФМ.
За своите наоди Надзорноит одбор  го известува Председателството на ВФМ и Председателот на ВФМ и истите се должни да ги разгледаат и доколку се аргументирани и оправдани да превземат меки за отклонување на укажаните неправилности.
Надзорниот одбор за својата работа и за материјално-финансиското работење на ВФМ поднесува извештај на Собранието на ВФМ.

Член 35.

 Надзорниот одбор се состои од 3 (три) члена, Председател и уште дваица членови кои од редовите на ВФМ, ги бира Собранието на ВФМ, при што не мора да бидат членови на Собранието на ВФМ.
Членовите на Надзорниот одбор не може да бидат бирани во други органи и работни тела во ВФМ.
Мандатот на членовите на Надзорниот одбор трае 4 (четири) години и истите можат повторно да бидат избрани.
Надзорниот одбор работи на седници, кои се одржуваат по потреба, но најмалку еднаш годишно.
Надзорниот одбор го свикува и со него раководи Председателот на Надзорниот одбор, а одлуките се носат со мнозинство гласови на неговите членови.

 

4.-Председател на ВФМ

Член 36.

 Председателот на ВФМ е изборен функционер од највисок ранг во ВФМ.
Мандатот на Председателот на ВФМ трае 4 (четири) години, се избира на изборното (констутивно) Собрание на ВФМ со мнозинство гласови на предлог на Председателството на ВФМ и по истекот на предходниот мандат може да биде повторно избран.
Должности и права на Председателот на ВФМ:

1.-Раководи со ВФМ, ја креира и спроведува деловната политика на ВФМ.
2.-Ја преставува и ја застапува ВФМ во државата и во странство во сите организации и институции со овластувањата кои му ги дава Статутот на ВФМ.
3.-Раководи со активностите во ВФМ на подготовка и реализацијата на долгорочните и годишните програмски активности.
4.-Ги потпишува општите акти донесени од страна на Председателството и Собранието на ВФМ.
5.-Ги свикува и председава со седниците на Председателството и Собранието на ВФМ.
6.-По потреба присуствува и на седниците на другите органи на управување во ВФМ или во здружените клубови.
7.-Се грижи за извршување на одлуките и заклучоците на Председателството  и Собранието на ВФМ.
8.-Извршува и други работи и активности предвидени со Стаутот на ВФМ и за оние за кои ќе добие овластување од Председателството и Собранието на ВФМ.

Член 37.

 Изборот на Председателот на ВФМ се врши на редовно изборно (конститутивно) Собрание на ВФМ или по укажана потреба на вонредно Собрание на ВФМ, со принцип на просто мнозинство.
Доколку за Председател на ВФМ се предложени повеќе кандидати, постапката за одлучување  е следна:
1.-Гласањето ќе биде завршено и легитимно, доколку еден од кандидатите добије повеќе од половина гласови на присутните делегати на седницата на Собранието на ВФМ.
2.-Доколку ниту еден од кандидатите не добие мнозинство на гласови, гласањето се повторува, со тоа што во вториот круг влегуваат само дваица (2) кандидати со најголем број добиени гласови во првиот круг и избран ќе биде кандидатот кој ќе добие просто мнозинство.
3.-Ако и двата кандидата добијат по 50% од гласовите, гласањето ќе се повтори.
4.-Доколку ниту еден од кандидатите не добие просто мнозинство на гласови, ќе се свика ново Собрание на ВФМ.

Член 38.

Новоизбраниот Председател на ВФМ должноста ја превзема веднаш по изборот, а примипредавањето на должноста помеѓу предходниот и новоизбраниот Председател мора да се заврши во рок од 30 (триесет) дена од завршувањето на Собранието на ВФМ.

Член 39.

 Мандатот на Председателот на ВФМ може да престане и пред истекот на периодот за кој е избран, со отповикување или оставка.
Отповикување на Председателот на ВФМ може да се изврши доколку тој во својата работа не се придржува до Статутот и другите општи акти на ВФМ или доколку со својата работа и причини значителна материјална штета на ВФМ.
Одлуката за отповикување ја носи Собранието на ВФМ на вонредна седница.
Оставката на Председателот на ВФМ ја усвојува Собранието на ВФМ на вонредна седница.
По усвоената оставка на Председателот на ВФМ, должноста на Председател  ја врши Подпредседателот на ВФМ, до избор на нов Председател на ВФМ, но не подолго од 6 (шест) месеци.
Доколку не е можно на редовна седница на Собранието на ВФМ да се избере нов Председател на ВФМ, се свикува вонредна седница  за избор на нов Председател на ВФМ.

5.-Подпредседател на ВФМ

Член 40.

Во однос на правата и должностите Подпредседателот на ВФМ има исти овластувања како и Председателот на ВФМ во негово одсаство.
Својата функција Подпредседателот на ВФМ ја извршува по овластување на Председателот на ВФМ за конкретни задачи, а потполно, во одсаство или спреченост на Председателот на ВФМ.
Подпредседателот на ВФМ го бира Председателството на ВФМ од неговите членови на предлог на Председателот на ВФМ.
Мандатот на Подпредседателот на ВФМ трае 4 (четири) години и може да биде повторно избран.
Мандатот на Подпредседателот на ВФМ може да престане и пред истекнување на рокот за кој е избран, со отповикување или оставка, по процедура по која е и избран.

6.-Генерален секретар на ВФМ

Член 41.

 Генералниот секретар на ВФМ  го именува Председателството на ВФМ врз основа на објавен јавен  конкурс со утврдени критериуми.
Основни критериуми за избор на Генерален секретар на ВФМ се:
-да поседува високо или вишо образование (VII или VI степен).
-да има искуство во воздухопловство од најмалку 4 (четири) години.
За начинот на ангажирање на Генералниот секретар Председателатвото на ВФМ ќе донесе посебна одлука.
За својата работа Генералниот секретар е одговорен пред Председателството и Председателот на ВФМ.
Генералниот секретар, согласно на овој Статут и другите општи акти, ги спроведува следните активности:

1.-Раководи со непосредните активности на ВФМ.
2.-Раководи со стручната служба на ВФМ.
3.-Ја застапува ВФМ во имотно-правните работи.
4.-Ги спроведува сите одлуки на Собранието и Председателството на ВФМ и се грижи за нивно имплементирање кај здружените членки.
5.-Учествува во подготовката и извршувањето на годишната Програма на активностите во ВФМ.
6.-Подготвува и доставува материјали за редовни и вонредни седници на Председателството и Собранието на ВФМ.
7.-Во име на ВФМ потпишува поединечни акти и финансиски документи.
8.- Наредбодавец е за извршување на финансиискиот план на ВФМ.
9.-На барање на Председателството на ВФМ поднесува извештај за својата работа и работата на стручната служба во ВФМ, најмалку еднаш годишно.
10.-Овластен е да склучува и потпишува договори и други правни акти, кои се во согласност со Статутот на ВФМ и со овластувањата што ќе му ги даде Председателството на ВФМ со своја одлука.
11.-Ја преставува организацијата пред трети лица и организира медиумско преставување и афирмирање на ВФМ и нејзините членки.
12.-Извршува и други работи и задачи што ќе му ги додели Председателот и Председателството на ВФМ или ќе произлезат од тековното работење.
Генералниот секретар на ВФМ задолжително присуствува на седниците на Председателството на ВФМ со право на учество во расправите, но без право на гласање за одлуките.

Член 42.

 Мандатот на Генералниот секретар трае 4 (четири) години, со право по истекот на мандатот, повторно да биде именуван.
Мандатот на Генералниот секретар може да престане и пред истекот на мандатот за кој е именуван, со отповикување или оставка.
Одлуката за отповикување ја носи Председателството на ВФМ, а отповикувањето може да се изврши доколку Генералниот секретар на ВФМ во својата работа не се придржува до Статутот и другите општи акти на ВФМ или доколку со својата работа причини значителна материјална штета на ВФМ.
Оставката на Генералниот секретар на ВФМ ја усвојува Председателството на ВФМ.
Во случај на отповикување или оставка на Генералниот секретар на ВФМ, Председателството на ВФМ именува вршител на должноста Генерален секретар на ВФМ до именување на нов Генерален секретар на ВФМ, но не подолго од 6 (шест) месеци.
По именувањето на новиот Генерален секретар на ВФМ, примопредавањето на должноста помеѓу досегашниот и новиот Генерален секретар на ВФМ, мора да биде извршено во рок од 30 (триесет) дена од денот кога е именуван нов Генерален секретар на ВФМ.

 

 

 

 

 

 

V. РАБОТНИ  ТЕЛА  НА  ВФМ

Член 43.

 Заради поефикасно работење на ВФМ, Председателството на ВФМ формира работни тела, во смисла на:

1.-Извршен одбор
2.-Стручни комисии
3.-Совет на организации за летачка обука
4.-Стручна служба на ВФМ

1.-Извршен одбор
Член 44.

Улогата на Извршниот одбор е донесување на итни одлуки, со цел да се зголеми ефикасноста во работењето за реализација на активностите помеѓу две седници на Председателството на ВФМ и во случаеви кога е неопходна брза постапка или одлука за решавање на одреден проблем, а времето за свикување на седница на Председателството на ВФМ не го овозможува тоа.
Извршниот одбор го сочинуваат Председателот, Подпредседателот  и Генералниот секретар на ВФМ.
Одлуките на Извршниот одбор ги верифицира Председателството на ВФМ на наредната седница.

2.-Стручни комисии

Член 45.

 Стручните комисии се помошни тела на Председателството на ВФМ, овластени, од стручен аспект, да ги водат активностите во воздухопловните гранки и за други активности кои ги опфаќа воздухопловниот спорт, со цел да ја зголемат ефикасноста на работењето на здружените членки и ВФМ, безбедноста на летањето, организирањето на спортските манифестации, развојот и афирмацијата на воздухопловниот спорт.
Во ВФМ се формирани следни стручни комисии :

1.-Комисија за спорт
2.-Комисија за летачки активности (општа авијација и едриличарство)
3.-Комисија за падобранство
4.-Комисија за моделарство
5.-Комисија за ултралесни летала и самоградба
6.-Комисија за параглајдерство и змејарство
7.-Комисија за технички прашања и одржување на воздухоплови
8.-Комисија за разгледување на документи за здружување во ВФМ
9.-Комисија за награди и признанија
Според укажаните потреби, Председателството на ВФМ, има право, со своја одлука да формира и други комисии од времен или траен карактер.
Председателството на ВФМ со посебна одлука ги избира  членовите на комисиите, нивните председатели и секретари, предложени од самите комисии.
Отповикувањето на членовите на комисиите, председателите и секретарите е според иста процедура како и при изборот.
Поблиски одредби за надлежностите и работата на стручните комисии утврдени се со “Општиот правилник за работа на стручните комисии“.

3.-Совет на организации за летачка обука

Член 46.

 Го формира Председателството на ВФМ од преставници на организациите за летачка обука и со него раководи Председател.
Задачи на Советот на организациите за летачка обука се:

1.-Ги програмира активностите на полето на обуката и школувањето на воздухопловните стручни кадри.
2.-Носи Програми и интерни правилници за обука и школување, кои не се пропишани со Законот за воздухопловство.
3.-Превзема мерки и активности за унапредување на системот на обуки, преобуки и школување на стручни кадри.
4.-Превзема мерки и активности при нарушувањето на безбедноста на летањето и подобрувањето на истата.
5.-Предлага и организира стручни семинари и работилници со цел следење на новите законски прописи и регулативи, зголемување на безбедноста на летањето и подигање на стручноста на повисоко рамниште.
6.-Носи насоки и програми за унапредување на методиката во спроведувањето на обуката.
7.-Прави анализи за најдобра искористеност на летачките средства и опремата во системот на обуката и школувањето.
8.-Изготвува анализи со предлог за набавка на воздухопловни, воздухопловно-технички средстава и опрема.
9.-Работи и други работи за кои смета дека има потреба, а се сврзани за обуката, преобуката и школувањето.
Заклучоците, одлуките, програмите кои ги носи Советот, а не се сврзани со материјално-финаннсиски средства, се обврзувачки за сите членки.
Овие акти Советот ги презентира на Председателството на ВФМ, а предлозите од материјално-финансиски каратер ги доставува на разгледување и усвојување на Председателството на ВФМ.
Советот изготвува Деловник за работа које во склад со Статутот на ВФМ.

4.-Стручна служба на ВФМ

Член 47.

 Председателството на на ВФМ, заради извршување на стручни воздухопловни, воздухопловно-технички, материјално-финансиски, книговодствени, нормативно-правни, административно-технички и други помошни работи, формира Стручна служба на ВФМ која нема својство на правно лице.
Со Стручната служба раководи Генералниот секретар на ВФМ.
Општите акти за организација и систематизација на работите и задачите на вработените во Стручната служба, како и за нивниот број, со одлука ги донесува и одредува Председателството на ВФМ.
Средствата за личните примања и други примања на вработените и ангажираните лица во Стручната служба, ги обезбедува ВФМ.
Во одлучување за поединечни права и обврски на вработените и ангажираните лица во Стручната служба на ВФМ, Генералниот секретар на ВФМ има права, должности и овластувања предвидени со Закон, Статутот и другите општи акти на ВФМ.
ВФМ и вработените или ангажираните лица во Стручната служба на ВФМ во склад со Законот, склучуваат договор за меѓусебните права, обврски и одговорности.

 

 

 

 

VI. ЈАВНОСТ   ВО  РАБОТАТА

Член 48.

 Работата на ВФМ, на нејзините органи и работните тела е јавна.
Органите на ВФМ се должни да обезбедат и остварат јавност во своето работење, во располагањето со средствата на ВФМ и за другите прашања кои се од интерес за јавноста на работата на ВФМ.
Исклучително, Председателството и Собранието на ВФМ може да одлучат поедини седници да се одржат без присуство на јавноста, во склад со Деловниците за работа.

VII. СРЕДСТВА  НА  ВФМ

Член 49.

  За извршување на целите и задачите ВФМ стекнува средства од следните извори:

1.-Од членарината на здружените членки.
2.-Од располагање со сопствен имот и сопствени средства.
3.-Од издавање под закуп на објекти, деловни простории и други средства со кои располага ВФМ, согласно законските прописи.
4.-По основ на прилози, донации, подароци, маркетинг во областа на воздухопловството, воздухопловните спортови и слично.
5.-Од издавачка дејност.
6.-Од државните органи и институции, по основ на развивање и унапредување на воздухопловните активности од интерес на граѓаните и државата.
7.-Од буџетот на Републиката, буџетите на единиците на локалната самоуправа и буџетот на Град Скопје.
8.-Од фондови и фондации кои ги финансираат програмските цели и вложуваат во развојот на воздухопловство и воздухопловниот спорт.
9.-Од средствата што ги остварува Друштвото со ограничена одговорност или Акционерското друштво, основани за вршење дејност спорт, за остварување на целите и задачите, интересите и активностите и финансирање на функциите утврдени со Статутот.
10.-Од вршење на активности врз основа на  пренесени овластувања од страна на државните органи.
11.-Од придонеси на свои членови и други организации и институции за реализација на програмските цели по основ на договори и одлуки.

Член 50.

 Средствата стекнати од извори наведени во членот 49. се сопственост на ВФМ.
Средствата добиени од државниот буџет се користат исклучиво според намената одредена со одлука на надлежниот орган.
Користењето на финансиските и материјалните средства, кои ги стекнува ВФМ, се распределуваат со одлука на Председателството на ВФМ.
Член 51.

 Председателството на ВФМ има право да одземе или прераспореди веќе доделени средства, во случаеви кога ќе се утврди дека:

1.- Доделените средства неправилно се користат според утврдените критериуми.
2.-Воопшто не се користат.
3.-Корисникот не обезбедил или не обезбедува  соодветни услови за нивно користење.
4.-Не се користат според пропишаните законски норми.
5.-Корисникот се обидува да ги отуѓи без соодветна одлука на Председателството на ВФМ.
Доколку се утврди дека корисникот го оштетил или уништил доделеното средство со неправилно користење или негрижа, ВФМ е должна  да покрене постапка за надокнада на причинетата штета.
Здружените членки за средствата кои им се доделени на времено или трајно користење, а се во сопственост на ВФМ, можат да предлагаат нивно отуѓување со предлог на Управниот одбор до Председателството на ВФМ. За таа цел Председателството на ВФМ ќе формира Комисија која ќе даде  предлог за причините и оправданоста за реализација на таква одлука. Конечна одлука носи Председателството на ВФМ.

VII. ОДГОВОРНОСТ  И  ДИСЦИПЛИНСКИ  МЕРКИ

Член 52.

 Здружените членки и сите нивни членови, членовите на Председателството на ВФМ и Стручната служба на ВФМ, должни се да ги почитуваат Статутот на ВФМ, Правилниците и Деловниците за работа и сите други општи акти на ВФМ кои ги регулираат права, должностите и обврските.
Со членување во ВФМ, обврска на сите членови е почитување на “Законот за спорт“ и “Законот за воздухопловство“, во кои се регулираат правата и одговорноста за неизвршување на обврските.
За неизвршување на одредбите од општите и поединечните акти на ВФМ, здружените членки и членовите на ВФМ може да бидат земени на одговорност.
Член 53.

 За неизвршување или кршење на Статутот на ВФМ, општите акти и одлуките кои произлегуваат од нив, членовите на ВФМ можат да бидат повикани на дисциплинска одговорност согласно “Правилникот за дисциплинска одговорност“.

Член 54.

 Кога здружената членка доброволно истапи од членството во ВФМ, или биде исклучена, должна е да ги подмири сите свои финансиски и материјални обврски кон ВФМ и да ги врати сите доделени или распоредени материјално-технички средства, опрема и објекти.

VIII. ОПШТИ  АКТИ  СПОРЕД  КОИ  РАБОТИ  ВФМ

Член 55.

 Организацијата и работата на ВФМ се уредува со:

1.-Статутот на ВФМ, како основен и највисок правен акт на ВФМ.
2.-Деловници за работа на органите и работните тела на ВФМ, кои ги носи Собранието на ВФМ.
3.-Правилници и Деловници за работа на Органите и работните тела на ВФМ, кои ги носи Председателството на ВФМ.
4.-Правилници кои ја регулираат работата во воздухопловните гранки (спортови), а произлегуваат од “Законот за воздухопловство“ и ги носи надлежен државен орган.
5.-Правилници за работа во области на воздухопловството, за надлежности делегирани во ВФМ од страна на државен орган.
6.-Правилници за работа кои се во склад со Правилниците на Меѓународна воздухопловна федерација (ФАИ).
7.-Останати општи акти на ВФМ кои произлегуваат од Статутот, законските прописи и потребите.

 

Член 56.

 Иницијатива за донесување на општите акти на ВФМ, за негови измени и дополни може да поднесе секоја здружена членка на ВФМ,  орган или стручна комисија на ВФМ.
За поднесената иницијатива одлучува Председателството на ВФМ.
Нацрт на предлогот на општиот акт, измените и дополните ги изработува предлагачот и го доставува до Председателството на ВФМ за понатамошна постапка.

IX. ПРИЗНАНИЈА  И  НАГРАДИ

Член 57.

 ВФМ доделува признанија и награди на поединци и организации за постигања на врвни спортски резултати во воздухопловниот спорт  и за значителни придонеси во  воздухопловството.

Член 58.

 Воспоставување на признанија и награди. критеријумите и условите за доделување, како и начинот на доделувањето, се утврдува со одлука на Председателството на ВФМ, согласно “Правилникот за награди и признанија“.
Председателството на ВФМ има право да предлага членови и организации и за други домашни и меѓународни признанија.

Член 59.

 За постигања во воздухопловниот спорт, воздухопловството и придонеси во неговиот развој, ВФМ го воспоставува признанието “Илинденка“.
Поблиски одредби за номинација и доделување се дадени во Правилникот за доделување на признанието “Илинденка“.

 

Член 60.

 Во смисла на високо признание, ВФМ може да додели титулиа “Почесен председател на ВФМ“. Одлуката за доделување на оваа признание ја носи Собранието на ВФМ.

 

X. ПРЕСТАНОК  НА  РАБОТА  НА  ВФМ
Член 61.

 ВФМ престанува со работа кога за тоа се донесе одлука на Собранието на ВФМ,  со двотретинско мнозинство, од вкупниот број на членовите на Собранието.
ВФМ може да престане со работа и по основ на закон.
Собранието на ВФМ донесува одлука на кого ќе му припадне, односно на кого ќе му го пренесе правото за поседување на имотот и надмирување на обврските.
Член 62.

 Во случај на престанок со работа на ВФМ, Председателот на ВФМ е должен во рок од 15 (петнаесет) дена официјало да ги извести Основниот суд Скопје и другите надлежни органи.

XI. ПРЕОДНИ  И  ЗАВРШНИ  ОДРЕДБИ

Член 63.

 Општите акти на ВФМ ќе бидат усогласени со овој Статут во рок од 1 (една) година од денот на неговото донесување.
Здружените членки се должни да ги усогласат своите Статути со овој Статут во рок од 6 (шест) месеци од денот на неговото донесување.
До усогласување на постојните општи акти на ВФМ со овој Статут и донесување на нови општи акти на ВФМ, ќе се применуваат постојните општи акти на ВФМ, доколку не се во спротивност со овој Статут.
За измените и дополнувањата на овој Статут и другите измени наложени со закони, Генералниот секретар на ВФМ е должен, најдоцна во рок од 30 (триесет) дена, да ги извести надлежните органи.
Член 64.

 Со стапување на сила на овој Статут, престанува да важи Статутот на Воздухопловната Федерација на Македонија донесен на седницата на Собранието на ВФМ одржана на 29.06.2004.година.
Овој Статут стапува на сила со денот на неговото донесување.

Председател на
Воздухопловна Федерација на Македонија
Тодор Шумански

 

[назад]

Врв на страната

 

Дома | За нас | Клубови | Аткивности | Документи | Календар на натпревари | Контакт | - English version |
"Воздухопловна федерација на Македонија" 2006.
Мирослав Крлежа бр.1 Скопје 1000