Воздухопловна федерација на Македонија

Воздухопловната федерација на Македонија е член на Меѓународната воздухопловна федерација (FAI) и е единствен официјален македонски претставник за воздухопловните спортови.

Статут на Воздухопловната федерација на Македонија


Најдобри спортисти за 2007  

 

Воздухопловната федерација на Македонија на 04 март 2008 год. во салата на Домот на градежниците во Скопје, со почеток во 20 часот организира настан за прогласување на најуспешните воздухопловни спортисти во 2007 година.

Притоа во гранката воздухопловно моделарство за најдобар спортиста во јуниорска конкуренција беше избран Кирил Димески додека пак во сениорската Гоце Јосифовски. Во рамките на ракетното моделарство најдобри резултати на домашни и меѓународни натпревари постигнаа јуниорот Драган Спасов и сениорот Николче Јаневски.

За најдобар параглајдериста за 2007 година со одлука на претсeдателството на Воздухопловната федерација на Македонија беше изгласан Мартин Јованоски.

Овие спортисти позади себе оставија успешна година со огромен број на спортски натпревари и значајни резултати.

Мартин Јованоски освои трето место на Светското Првенство во Литванија, 2-место на Светскиот куп во Крушево, 3-место Светски куп во Хрватска, 1-место Светски куп во Бугарија. На домашната сцена во 2007 год стана Државен првак во дисциплината Прецизно слетување додкеа на Светската ранг листа од FAI - дисциплина “Слетување во цел” е на високото 1-место.

Драган Спасов помеѓу останатото беше 5-ти на Светскиот куп во Штип, додека Николче Јанески се закити со бронза на Светскиот куп во Белград.


 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Дома | За нас | Клубови | Аткивности | Документи | Календар на натпревари | Контакт | - English version |
"Воздухопловна федерација на Македонија" 2006.
Мирослав Крлежа бр.1 Скопје 1000