|
Се одржа Светскиот куп “Прилеп бренд 2007“ и 55-тото Државно првенство во воздухопловно моделарство на слободно летачки модели
На 9. и 10. јуни 2007.год. на спортскиот аеродром Мало Коњари кај Прилеп во организација на АК“Прилеп“-Прилеп и ВФМ и Директорот на натпреварот Здравко Тодороски се одржа Светскиот куп “Прилеп бренд 2007“ и 55-тото Државно првенство во воздухопловно моделарство на слободно летачки модели во јуниорска и сениорска конкуренција.
На натпреварите учество земаа преку четириесет натпреварувачи од Словенија, Србија, Бугарија, Австралија и од Македонија од Аероклубовите од Скопје, Кавадарци, Кичево и Прилеп во категориите Ф1А, Ф1Б, Ф1Ц и Ф1Х каде настапија учесници од самиот светски врв во овие категории.
Во светскиот куп-категорија Ф1А-сениори првопласирен беше Живко Николовски-Македонија, втор Милош Борџошки-Србија и трет Николај Николов-Австралија, кај јуниорите прв беше Милан Радониќ-Србија, втор Александар Ѓукиќ-Србија и трет Блаже Кочов-Македонија.
Во категорија Ф1Б на првото место се пласираВалентин Савов-Бугарија, како втор Иван Колиќ-Србија и трет Радое Благоевиќ-Србија, во категорија Ф1Ц првопласиран беше Коста Стојановски-Македонија, на второ место се пласира Дамјан Жулиќ-Словенија и трет беше Ристо Барбуловски-Македонија, додека во јуниорска конкуренциа категорија Ф1Х првото место го освои Кирил Димески-Македонија, второто Сашо Попов-Македонија и третоНиколај Бардаров-Бугарија.
На 55-тото Државно првенство во актегорија Ф1А првопласиран беше Живко Николовски-АК“Скопје“-Скопје, второпласиран е Оливер Велковски од АК“Прилеп“-Прилеп и како третопласиран Гоце Јосифовски од АК“Витачево“-Кавадарци. Во категорија Ф1Б првото место го освои Ѓуро Габершчак од АК“Скопје“-Скопје, второто Леонидис Крстевски и третото Аљоша Анастасов и двајцата од истиот АК.
Во Ф1Ц првопласиран е Коста Стојановски, а на второто место се пласира Милан Радовиќ и двајцата од АК“Скопје“-Скопје, додека во јуниорската конкуренција во категорија Ф1Х поединечно прв е Кирил Димевски од АК“Прилеп“-Прилеп, втор Сашо Попов од АК“Витачево“-Кавадарци и како трет Владимир Поповски од АК“Прилеп“-Прилеп, додека во екипниот пласман на прво место е АК“Прилеп“-Прилеп и втор АК“Витечво“-Кавадарци.
Назад 
|