Воздухопловна федерација на Македонија

Воздухопловната федерација на Македонија е член на Меѓународната воздухопловна федерација (FAI) и е единствен официјален македонски претставник за воздухопловните спортови.

Статут на Воздухопловната федерација на Македонија |



ОПШТ  ПРАВИЛНИК ЗА   РАБОТА   НА   СТ РУЧНИ   КОМИСИИ

Врз основа на член 23. точка 8. од Статутот на Воздухопловната Федерација на Македонија, на 8-та Седницата на Председателството на ВФМ одржана на 15.12.2006. година, истото донесе Одлука за стапување на сила на

 

 О П Ш Т   П Р А В И Л Н И К  ЗА  РАБОТА  НА  СТРУЧНИ  КОМИСИИ

                                      I.- О С Н О В Н И   О Д Р Е Д Б И

                                                         ч л е н 1.

 Со овој Општ Правилник (во понатамошниот текст Правилник) се уредува начинот на работа на Стручните Комисии (во понатамошен текст Комисии) во воздухопловните спортови (гранки) на ВФМ.
ч л е н 2.

 Одредбите од овој Правилник се задолжителни за сите членови на  Комисиите на ВФМ, како и за сите лица кои учествуваат во работата на Седниците на  Комисиите.

                                                         ч л е н 3.

 Председателството на ВФМ ги именува (формира) Стручните Комисии (член 23. од Статутот на ВФМ).
ч л е н 4.

 Во ВФМ се формирани следните Стручни Комисии за воздухопловните спортови (гранки):
 1.-Комисија за спорт
       2.-Комисија за летачки активности (општа авијација и едриличарство)
       3.-Комисија за падобранство
       4.-Комисија за (воздухопловно и ракетно) моделарство
       5.-Комисија за ултралесни летала и самоградба
       6.-Комисија за параглајдерство (прелети , прецизно и акробатско)
       7.-Комисија за технички прашања и одржување на воздухоплови
       8.-Комисија за разгледување на документи за здружување во ВФМ
       9.-Комисија за награди и признанија
Според укажаните потреби, Председателството на ВФМ има право со своја одлука да формира и други Комисии од времен или траен карактер.

                                                         ч л е н 5.

 Председателството на ВФМ со посебна одлука ги назначува (именува) членовите на Комисиите, нивните Председатели и Секретари, предложени од самите Комисии.

                                                         ч л е н 6.

 Стручните Комисии се помошни тела на Председателството на ВФМ кои од својата област ја разгледуваат и водат стручната проблематика, изготвуваат предлог на Програма и План за работа. По одобрување од страна на Председателството работат според нив.
ч л е н 7.

 Председателството на ВФМ формира постојани и времени Комисии, а во рамките на овие Комисии самите Комисии може да формираат Подкомисии. Именувањето и распуштањето на Комисиите го врши Председателството на ВФМ со просто мнозинство на гласови од присатните членови.

 

I I.-ЧЛЕНОВИ И РАБОТА НА СТРУЧНИТЕ КОМИСИИ

ч л е н 8.

 Членовите на Комисиите се делегати на активните воздухопловно спортски  Клубови членки на ВФМ кои имаат регистрирано спортисти во таа воздухопловна гранка и се избрани од најстручни и најкомпетентни преставници. Одреден број на престевници во Комисиите може да предложи и Председателството на ВФМ.
Бројот и составот на членовите на Комисиите се одредува со посебна одлука на Председателството на ВФМ.
Мандатот на членовите на Комисиите е 4 (четири) години, со право на реизбор.

                                                        ч л е н 9.

 Мандатот на Председателот на секоја Комисија и мандатот на секој член на секоја Комисија може да престане и пред истекот на мандатот на кој е Председателот на Комисијата избран, односно на кој е членот на Комисијата именуван, со отповикување или оставка.
ч л е н 10.

 Отповикување на Председателот или членот на Комисијата може да се извриши доколку Председателот или членот на комисијата во својата работа не се придржува до Статутот и другите општи акти на ВФМ, не го штити угледот на организацијата и не ја извршува должноста на која е избран, односно именуван.

                                                        ч л е н 11.

 Одлука за отповикување на Председателот на Комисијата или членовите на Комисијата ја донесува Председателството на ВФМ по истата процедура како и за изборот, односно именувањето.

                                                        Ч л е н 12.

  Комисиите, секоја во својата воздухопловна гранка, ги превземаат следните  општи задачи и активности:
1.-Предлагаат и изготвуваат Програма и Планови за работа,
2.-Предлагаат Годишем спортски календар, усогласен со спортските Клубови, преку Комисијата за  Спорт до Председателството на ВФМ,
3.-Ги извршуваат усвоените Програми за работа на Председателството на ВФМ,
4.-Ги предлагаат на Председателството на ВФМ непосредните организатори на државните првенства, врз основа на распишаните конкурси и поднесените апликации.
5.-Учествуваат во подготовка и изготвување на Спортските Правилници, ги пропишуваат Програмите за спортските натпревари и вршат нивни дополни и измени.
6.-Предлагаат воспоставување и унапредување на системот на спортските натпревари (лига купови и натпревари).
7.-Водат евиденција за спортски резултати и рекорди.
8.-Предлагаат Селектори на репрезентации за својата спортска гранка.
9.-Изготвуваат критериуми за избор на членови на репрезентацијата.
10.- Му помагаат на Селекторот на репрезентацијата при избор и составување на репрезентацијата.
11.-Комисијата за спорт донесува одлуки по поднесени жалби на спортските натпревари во прв степен.
12.-Ги утврдуваат и ги реализираат Програмите за подготовка и учество на државните репрезентации на меѓународните натпревари во воздухопловните спортови и учествуваат во обезбедување на потребни материјални и финансиски средства за тие програми.
13.-Ја утврдуваат Ранг листата на најдобрите спортисти на годината во своите гранки и ги предлагаат кандидатите за најдобар спортист на годината во ВФМ.
14.-Одлучуваат за стекнување на звањето “спортски судија“ во воздухопловните спортови.
15.-Вршат други активности кои придонесуваат за унапредување и развој на воздухопловните спортови.
16.-Ги обединуваат воздухопловните гранки во рамки на Република Македонија.
17.-Работат и други задачи и обврски добиени од страна на Председателството на ВФМ кои се од интерес на спортските гранки кои ги застапуваат.
18.-Комисијата за спорт, покрај горе изнесените задачи и активности, работи и на:
-издавање на натпреварувачки и судиски дозволи,
-предлага критериуми за посебни спортски признаниа,
-ја предлага конечната Листа на спортист на годината на Председателството на ВФМ,
-предлага издавање на спортски значки и дипломи за одредени резултати,
-определува критериуми за избор на селектори,
-врши евиденција на натпреварувачи во спортските Клубови,
-пропишува преоден рок за спортисти,
-формира спортски инспекции и назначува делегати за Државни првенства.

                                                     ч л е н 13.

 Сите предлози, програми, заклучоци и одлуки на Комисиите стануваат правосилни по усвојувањето од страна на Председателството на ВФМ. Ислучок прставуваат жалбите од натпреварувачите, каде одлуките на  Спортската Комисија во прв и втор степен се правосилни, а Председателството на ВФМ решава по жалби од трет степен, кога одлуките се дефинитивни.

                                                     ч л е н 14.

 Членовите на Комисиите можат да бидат избрани неограничен број на мандати. Изборот може да биде со тајно гласање или со акламација. За избор на член на Комисијата потребно е просто мнозинство, ако бројот на кандидати постигне просто мнозинство во првиот круг на гласањето, од бројот на кандидати који не добиле доволен број на гласови ќе се избере потребен број кандидати врз бројот на постигнатите гласови кои ќе одат во вториот круг на гласање за добивање на просто мнозинство.
ч л е н 15.

 Членови на Комисии од воздухопловните спортски клубови кои не ја подмириле членарината во ВФМ за предходна година, немаат право на глас во Комисиите до подмирување на истата.
ч л е н 16.

 Спортските клубови кои немаат преставници во Стручните  Комисии на ВФМ, можат да бидат преставени со свои членови на состаноците кога се расправа за некоја тема од нивен интерес како набљудувачи, може да примаат стручни материјали, да дискутираат, но немаат право на глас.

                                                        ч л е н 17.

 Одлуките од своја надлежност, начелно, Комисиите ги носат со консензус, доколку тоа не е можно, се гласа и одлуките се валидни со резултатите од гласањето со просто мнозинство. Иста е постапката и со доставување на предлозите за пашањата кои не се од нивна надлежност, а за кои одлучува Председателството на ВФМ.
Во случај на ист број на гласови по две успешни гласања, конечната одлука ја носи Председателот на Комисијата.
ч л е н 18.

 Должности на Председателот на Комисијата:
-ја преставува Комисијата за време на својот мандат,
-изготвува Програма и План на работа на Комисијата и се ангажира во нивна реализација,
-учествува во изготвување на предлогот за Годишен спортски календар од своја област (гранка) кој го доставува до Комисијата за спорт, односно посредно до Председателството на ВФМ.
-ги организира и ги води седниците на Комисијата и изготвува Записник со заклучоци, одлуки и предлог на одлуки од седницата и ги доставува до Канцеларијата на ВФМ (односно до Генералниот Секретар на ВФМ), најдоцна 15 (петнаесет) дена по завршувањето на Седницата,
-се залага за почитување на Статутот на ВФМ, Правилниците, Општиот спортски Правилник и други прописи кои ја регулираат воздухопловната проблематика,
-ги спроведува задачите добиени од страна на Председателството на ВФМ,
-подготвува Годишен извештај за работата на Комисијата и го доставува до Председателството на ВФМ до 15 (петнаесети) декември во тековната година,
-должен е кога е повикан од страна на Председателството на ВФМ да поднесе извештај за работа на Комисијата, како и за одредени прашања од доменот на својата надлежност,
-Председателот на Комисијата назначува Подпредседател (со согласност на другите членови на Комисујата) кој го овластува да го заменува за време на негово одсадство.

 

III.-СВИКУВАЊЕ, ПОДГОТОВКА НА МАТЕРИЈАЛИ И РАБОТА НА СЕДНИЦИТЕ

                                                           ч л е н 19.

 Седниците на Комисиите ги свикуваат Председателите, или со нивно овластување Подпредседателите на соодветните Комисии врз основа на Програмите и Плановите за работа на Комисиите, по своја иницијатива или иницијатива на една третина на овластени чланови на Комисијата.
Седниците се свикуваат по писмен пат (со електронска, редовна пошта или по факс) најмалку 7 (седум) дена предходно.
Комисиите работат полноважно, ако на седниците присуствуваат повеќе од половина членови.
ч л е н 20.

 Седниците на Комисиите се јавни, а можат да бидат редовни или вонредни.
Редовни седници на Комисиите се одржуваат најмалку 3 (три) пати годишно.
Вонредни седници се одржуваат исклучително по барање на една третина од овластените членови на Комисијата, по барање на Управниот Одбор на некој Спортски Клуб или на барање на Председателот на ВФМ, односно Генералниот секретар на ВФМ.
Доколку на седницата, некој член на Комисијата , не може да присуствува, истиот може да се изјасни за одредено прашање или Одлука, по пат на редовна, електронска пошта или по факс. На ист начин, член на некоја Комисија може да го делегира своето право на глас на друг член на Комисијата, доколку е спречен, од оправдани причини, да присуствува на Седницата.
Гласовите дадени на овој начин се сметаат за валидни и се прикажуваат во записникот од седницата.
ч л е н 21.

 Предлогот на Дневниот ред на седниците на Комисиите го утврдува Председателот на Комисијата по сопствена иницијатива или врз основа на предлозите на членовите на комисијата, кои мора да бидат доставени благовремено.
При составување на предлогот на Дневниот ред Председателот на Комисијата е должен да води сметка за :
1.-На Дневен ред да се ставаат прашања кои се од делокругот на работа на Комисијата, а за други прашања само ако постои оправдана потреба за разгледување од страна на Комисијата.
2.-Дневниот ред да не биде премногу обемен, за да сите прашања бидат разгледани.
3.-Како први точки на Дневен ред се разгледуваат темите сврзани со спортските и стручните активности, а потоа поединечните акти и информации.

                                                              ч л е н 22.

 На седниците на Комисиите присуствуваат членовите на дотичните Комисии и повиканите лица.
Седниците на Комисиите ги води Председателот на Комисијата.
Пред почетокот на седницата Председателот на Комисијата проверува дали на седницата присуствива доволен број на членови на Комисијат за да може полноправно да се одлучува и известува кои членови на Комисијата и други повикани лица се отсатни.
ч л е н 23.

 Кога ќе се утврди дека на седницата присуствува потребен број на членови, Председателот на Комисијата ја отвара седницата и одредува лице кое ќе води записник.
ч л е н 24.

 После отварање на седницата се утврдува Дневен ред за седницата врз основа на предлогот за Дневен ред од поканата за седницата.
Секој член на Комисијата може да предложи измени и дополни на Дневниот ред.
Дневниот ред се утврдува со мнозинство на гласови на членовите на Комисијата.

                                                          ч л е н 25.

 После воведното излагање, Председателот им дава збор на членовите на Комисијата и поканетите лица на седницата, според редоследот на пријавувањето.

                                                          ч л е н 26.

 Исклучително, Председателот може да даде збор кога ќе се побара, вон редоследот на пријавувањето, доколку член на Комисијат или друго лице присатно на седницата сака да укаже на повреди (одстапување) од Правилникот или утврдениот Дневен ред.

                                                           ч л е н 27.

 За секое прашање на Дневниот ред се дискутира додека за него има пријавено говорници.
По завршување на претресот се пристапува кон заклучување и одлучување.
Одлуките се правосилни доколку на седницата присуствуваат најмалку половина од членовите на Комисијата.
Одлуките на Комисијата не може да бидат во спротивност со Статутот на ВФМ и поважните одлуки мора да бидат верифицирани од страна на Председателството на ВФМ.
Комисијата не може да донесува одлуки за финансиски обврски без одлука на Председателството на ВФМ.
Верифицираните одлуки од страна на Председателството на ВФМ обврзувачки се за сите членови на Комисијата.
ч л е н 28.

 За редот на седниците на Комисиите се грижи Председателот на Комисијата.
Во текот на седницата на Комисијата Председателот на Комисијата се грижи говорниците да се придржуваат до прашањата кои се на Дневен ред и да не бидат попречувани за време на излагањето.
За попречување на работата на седницат Председателот може да изрекне мерки : предупредување, одземање на збор и одстранување од седницата.

                                                          

                                                            ч л е н 29.

 За работа на седниците на Комисиите се води Записник.
Записникот го води Записничар кој го одредува Председателот на Комисијата. Записникот го потпишуваат Председателот на Комисијта и Записничарот.
Записнокот се доставува до сите членови на Комисијата и до Генералниот секретар на ВФМ и може да биде објавен на WEB (ВЕБ) страницата на интернет.

                                                            ч л е н 30.

 Ниту еден член на Комисијат нема право, без предходно одобрување и согласност на Председателот на Комисијата и нејзините членови, да превзема било какви обврски во име и на сметка на Комисијата.

IV.-З А В Р Ш Н И   О Д Р Е Д Б И

                                                             ч л е н 31.

 Право на задолжително толкување на овој Правилник има Председателот на Комисијата и Генералниот секретар на ВФМ.
Право на измени и дополни на овој Правилник има исклучиво Председателството на ВФМ.
Врз основа на овој Општ Правилник Стручните Комисии можат да донесат посебни Правилници за работа од доменот на својата работа и спортската гранка која ја представуваат. Тие Правилници не може да бидат во спротивност со овој Општ Правилник.
ч л е н 32.

 Овој Правилник е донесен на 15.12.2006 година и стапува на сила со денот на донесувањето.

С К О П Ј Е,      ноември    2006.година

                                                                                  Председател на ВФМ
Владо Додевски с.р.

 

[назад]

Врв на страната

Дома | За нас | Клубови | Аткивности | Документи | Календар на натпревари | Контакт | - English version |
"Воздухопловна федерација на Македонија" 2006.
Мирослав Крлежа бр.1 Скопје 1000