Воздухопловна федерација на Македонија

Воздухопловната федерација на Македонија е член на Меѓународната воздухопловна федерација (FAI) и е единствен официјален македонски претставник за воздухопловните спортови.

Статут на Воздухопловната федерација на Македонија |






Section 1.01 ПРАВИЛНИK за издавање на натпреварувачки дозволи

 

Важи од 22. 11. 2005 год.

Претседателство

Воздухопловна Федерација на Македонија
- п р е т с е д а т е л с т в о -
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------
Врз основа на член 23, точка 8 од Статутот на Воздухопловната федерација на Македонија, Претседателството на предлог на Спортската комисија, на својата редовна седница одржана на 22. 11. 2005 год. го донесе следниот

  П Р А В И Л Н И К
за натпреварувачки дозволи

Член 1.

Со овој правилник се пропишуваат условите и начинот за издавање, важноста, продолжување и одземање на натпреварувачките дозволи ( во понатамошниот текст дозвола), како и нивната форма и содржина.

Член 2.

Натпреварувачка дозвола во смисла на овој правилник е документ кој задолжително треба да го поседува секој спортист  кој учествува во системот на натпревари на Воздухопловната Федерација на Македонија (во натамошен текст ВФМ) и Меѓународната воздухопловна федерација ( во понатамошниот текст ФАИ ).
Член 3.

Дозволите се издаваат за воздухопловни спотови опфатени во класификацијата во општиот спортски правилник на ФАИ (параграф 2 точка 1) и член 8 од Статуто на ВФМ.
Член 4.

За издавање на дозвола спортистот треба да ги исполнува следните услови:

  1. да е член на Воздухопловен спортски клуб ( во понатамошниот текст клуб) кој е здружен во ВФМ, ( и ја има измирено членарината ).
  2. да поседува соодветна важечка дозвола издадена од Управата за цивилна воздушна пловидба ( во понатамошниот текст Управа) или од организација овластена од Управата  (освен  за воздухопловни и ракетни моделари).
  3. Преку клубот во кој членува да поднесе барање за издавање на дозвола.

Член 5.

Дозволата на барање на клуб ја издава/продолжува  Комисијата за спорт ( во понатамошниот текст Комисијата )при ВФМ преку овластено лице.
За издавање/ продолжување на дозвола се плаќа надомест.
Висината на надоместот се определува со посебана одлука на Претседателството на ВФМ која е составен дел на овој правилник.

Член 6.

Барањето од член 5 се поднесува до канцеларијата на ВФМ.
Комисијата е должна во рок од 5 работни дена од приемот на барањето да издаде дозвола.


Член 7.

Барањето треба да ги содржи следните податоци:

  1. име и презиме,
  2. година и место на раѓање, државјанство,
  3. адреса и телефон,
  4. клубот во кој членува,
  5. воздухопловен спорт/спортови за кој се поднесува барањето,
  6. вид, број и важност на дозвола издаена од Управата,
  7. изјава своерачно потпишана.

Во прилог на пополнетото барање треба да се достави:

  1. фотокопија од дозвола издадена од Управата,
  2. фотокопија од лична карта,
  3. доказ за платен надомест,
  4. нова фотографија.

Член 8.

Важноста на дозволата е една календарска година. Дозволата се продолжува со аплицирање на маркица на ФАИ за годината на важност, заверена со печат и впишан број од дозволата

Дозволата престанува да важи ако на носителот му престане членството во клубот. За престанување на членството, клубот е должен до ВФМ да достави писмен доказ.
Член 9.

Во случај на губење или оштетување на дозволата, спортистот има право да побара издавање на дупликат. На дозволата се впишува напомена: ДУПЛИКАТ.
Висината на надоместот за  за издавање на дупликатот е ист како и за првото издавање.

Член 10.

Спортистот може да поседува само една дозвола.
Во дозволата може да бидат впишани повеќе воздухопловни спортови.
Имателот на дозволата може да се натпреварува само за клуб од кој е поднесено барањето.
Во текот на една календарска година спортист може да се натпреварува само за еден клуб.

Член 11.

ФАИ или ВФМ имаат право да ја одземат дозволата.

Дозволата се одзема во случај на злоупотреба , поседување на две или повеќе дозволи, менување на податоците или фалсификат, како и во случај на други прекршувања на правилниците на ФАИ и ВФМ.

Член 12.

Содржината и формата на дозволата е во согласност на Општиот спортски правилник на ФАИ, глава 8, параграф 8.1.4, 8.1.5 и 8.1.7.

Натпреварувачката дозвола ја има следната содржина и форма:

п р е д н а   с т р а н а

FEDERATION AERONAUTIQE INTERNACIONALE

 

Лого на                 ВФМ

 

 

Маркица
на ФАИ

ВОЗДУХОПЛОВНА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА
Мирослав Крлежа 1, 1000 Скопје,Р. Македонија

Воздухопловни спортови:___________________________

НАТПРЕВАРУВАЧКАКА ДОЗВОЛА/СПОРТИНГ ЛИЦЕНЦЕ
дозволата важи за годината на прилепената маркица

Име и презиме/Name  and surname            дата на раѓање/date of birth

Аероклуб ________________________________________

Потпис на носителот                     Потпис на овластено лице од ВФМ

                      Signature of holder                               Authorized AFM official

з а д н а   с т р а н а

This licence, to be valid, must bear the FAI logo and be signed by the holder who, in signing it, acknowledges that he knows and understands the Sporting Code of the FAI and agrees to abide by it. This licence is issued on behalf of the FAI and may be withdrawn at any time. This licence is valid in all countries represented in the FAI. It must be produced in order to take part in sporting events or to attempt records governed by FAI regulations.”

                Натпреварувачката дозвола за да биде важечка задолжително треба да носи ФАИ лого и маркица и да биде потпишана од носителот кој со својот потпис потврдува дека го познава и разбира Спортскиот правилник на ФАИ и е согласен да го почитува. Оваа дозвола е издадена по овластување од ФАИ и може да биде повлечена во секое време. Оваа дозвола важи во сите земји членки на ФАИ. Таа е задолжителна за учество на сите воздухопловни спортски натпревари и постигнување на рекорди согласно со правилниците на ФАИ.

                                                            Член 13.

Евиденција на спортисти

  Комисијата за спорт води регистар на спортисти по воздухопловни спортови.
Регистарот се состои од Главана книга и досие на спортистот.
Во Главната книга се внесуваат податоците од поднесените барања, а во досието се чуваат документите за издавање/продолжување и одземање на дозволата..

22. 11. 2005 год.
Скопје
Владо Додевски
Претседател

-------------------------------------------------------

[назад]

 

Врв на страната

Дома | За нас | Клубови | Аткивности | Документи | Календар на натпревари | Контакт | - English version |
"Воздухопловна федерација на Македонија" 2006.
Мирослав Крлежа бр.1 Скопје 1000