Воздухопловна федерација на Македонија

Воздухопловната федерација на Македонија е член на Меѓународната воздухопловна федерација (FAI) и е единствен официјален македонски претставник за воздухопловните спортови.

Статут на Воздухопловната федерација на Македонија |



За воздухопловната федерација на Македонија

Први воздухопловни друштва во Македонија основани се 1923. година во Скопје и Струмица, а во есента 1926. година недалеку од Скопје на Зајчев Рид изведен е прв Аеромитинг. На 15. јануари 1945 година одржано е Основачко собрание на Воздухопловното друштво, а во ревитализираната воздухопловна работилница истата година биле произведени две едрилици од типот "Цилинг".

 

Во април 1946. година со Одлука на Владата на Македонија формиран е Едриличарски Сојуз на Македонија кој прераснува во Земски одбор за Воздухопловство, а во 1951 година се воспоставува Републички Воздухопловен Центар кој располагал со 30 едрилици, 150 падобрани и 19 авиони. Во 1955 година конструирана е и изградена првата македонска високоспособна едрилица "Илинденка" која учествувала на повеќе меѓународни натпревари.
Периодот 1951-1956. година бил "Златно време" во развојот на воздухопловството во Македонија, биле обучени 1.800 моделари, 842 едриличари, 222 моторни пилоти и 85 наставници од сите воздухопловни гранки.


Од богатата кадровска основа што преставувала респективен индикатор во Воздухопловното наследство на македонското поднебје, Воздухопловниот сојуз на Македонија оставил оспособени над 24.000 воздухопловни и ракетни моделари, повеќе од 5.000 падобранци, 3.200 пилоти на едрилици, повеќе од 800 моторни пилоти и преку стотина параглајдеристи и змејари во поново време.


Во 2003 година Воздухопловниот сојуз на Македонија го менува името во Воздухопловна Федерација на Македонија и претставува единствена национална Федерација која ги покрива сите воздухопловни гранки. Воздухпловната Федерација на Македонија е членка на Меѓународната воздухопловна Федерација (ФАИ) и имала чест еден нејзин член два пати да биде биран за потпредседател на оваа еминентна светска организација. По осамостојувањето на Република Македонија во 1993 година во Тел Авив на Генералната конференција на ФАИ (ФАИ), Воздухопловната Федерација на Македонија е примена за редовен член
Во 1993 година формиран е прв Кабинет по воздухопловна медицина кој и сега ја утврдува здравствената способност на севкупниот воздухопловен персонал во Република Македонија.


Со својата организација и активности ВФМ ги опфаќа: Воздухопловното и ракетното моделарство, воздухопловното едриличарство, летање на моторни авиони, падобранство, балонарство, параглајдерство, змајарство, летање на ултра лесни авиони и самоградба на воздухоплови.
Во рамките на своите активности ВФМ учествува во организирањето на државните и меѓународните натпревари, воздухопловни манифестации за популаризација и омасовување на воздухопловните спортови, селекција и подготовка на спортистите за учество на меѓународни натпревари, а преку своите членки (Воздухопловно спортски клубови), селекција, едукација и обука на млади кадри за спортското воздухопловство, за потребите на стопанската авијација, сообраќајната авијација, Армијата на Р.Македонија, полицијата и Владата.


ВФМ со Аероклубовите располага со пет (5) спортски аеродроми во Скопје, Куманово, Штип, Прилеп и Битола во рамките на кои функционираат воздухопловно школски центри.
Во петте Аероклуба се врши обука на ракетни и воздухопловни моделари, едриличари, падобранци и пилоти на моторни авиони.
Обука на параглајдеристи се врши во рамките на неколку параглајдерски клубови членки на ВФМ. Помош во развојот на спортското воздухопловство дава Управата за цивилна воздушна пловидба, Агенцијата за млади и спорт, Министерството за одбрана и Армијата на Р.Македонија и Министерството за внатрешни работи.  Периодот на транзиција во Р.Македонија негативно се одрази на функционирањето на Воздухопловната Федерација на Македонија и Воздухопловните клубови, недоволна е помошта што државните органи ја пружаат за стварање на услови за да воздухопловниот спорт се врати на позиции кои ги заслужува.

 

Врв на страната

Дома | За нас | Клубови | Аткивности | Документи | Календар на натпревари | Контакт | - English version |
"Воздухопловна федерација на Македонија" 2006.
Мирослав Крлежа бр.1 Скопје 1000