Воздухопловната федерација на Македонија е член на Меѓународната воздухопловна федерација (FAI) и е единствен официјален македонски претставник за воздухопловните спортови. |
Врз основа на член 23. точка 8. од Статутот на Воздухопловната Федерација на Македонија, на 8-та Седница на Председателството на ВФМ одржана на 15.12.2006. година, истото донесе Одлука за стапување во сила на “Правилник за доделување на признанието-Илинденка“. Со овој Правилник се регулира начинот, критериумите и процедурите за доделување на Признанието “ИЛИНДЕНКА“. Историја-Признанието “Илинденка“ се воведува како највисока награда (признание) кое го доделува Воздухопловната Федерација на Македонија за постигањата во спортското воздухопловство и придонеси во неговиот развој, а името го носи по повод првиот сериски конструиран и изграден воздухоплов-едрилица во Македонија развиван и граден од 1952. до 1955. година што симболично ја дефинира традицијата и има историско значење за корените на воздухопловството во нашата држава.
I- О П Ш Т О ч л е н 1. Признанието “Илинденка“ се доделува во три категории: -1.-за постигнати високи спортски резултати (поединец или екипа), ч л е н 2. Целта на доделување на оваа награда е јавно признание на лица кои постигнале високи спортски резултати во воздухопловните спортови, који со својата работа и ангажман придонеле за развојот на воздухопловните гранки и вкупно во развојот и афирмацијата на спортското воздухопловство, како и на оние припадници на воздухопловните спортски клубови, односно на Воздухопловната Федерација на Македонија, кои преку долгогодишен ангажман и високи спортски и други постигања и придонеси го афирмирале спортското воздухопловство во државата и надвор од неа.
I I- Н О М И Н А Ц И Ј А З А Н А Г Р А Д И ч л е н 3. Кога не е предмет на посебна постапка опишана на друго место во овој Правилник, номинацијата за оваа признание (награда) може да биде направена од: -член на ВФМ, ч л е н 4. Секој од наведените предлагачи од членот 3. во годината кога се врши избор, може да предложи само еден кандидат за секоја од трите типа на признанието, освен кога е на друг начин пропишано. Номинацијата на секој кандидат за еден од типовите на признанието “Илинденка“, од било кој извор, неопходно е да биде подржан со допис од овластено лице (Председател на Управниот одбор на спортскиот Клуб или Председател на стручната Комисија на ВФМ).
ч л е н 6. Номинирањето за признанието “Илинденка“ ќе биде доставено до Канцеларијата на ВФМ со образложение не подолго од една штампана страница. Останатите барани податоци од Комисијата за награди и признанија треба да се достават за петнаесет дена ( не подоцна од 15. ноември во тековната година). ч л е н 7. Комисија за награди и признанија ќе ги разгледа сите пристигнати предлози во пропишаниот рок и по донесената Одлука предлогот ќе го достави до Председателството на ВФМ за донесување на конечна Одлука. ч л е н 8. Доколку еден од членовите на Комисијата за награди и признанија биде предложен за доделување на признанието “Илинденка“ за врема на гласањето ќе ја напушти седницата. ч л е н 9. Изборот за признанието “Илинденка“ се врши само од пристигнатите предлози за тековната година кои ги исполнуваат општите и посебните услови.
III- Н А Ч И Н Н А Г Л А С А Њ Е ч л е н 10. Легитимитетот на Предлогот на Комисијата за награди и признанија за доделување на признанијето “Илинденка“ е валиден доколку на Седницата се присатни повеќе од половина нејзини членови. Гласањето за доделување на признанието “Илинденка“ се врши на два нивоа. Првото разгледување на номинациите и гласање се врши на ниво на Комисијата за награди и признанија, а второто на ниво на Председетелството на ВФМ врз основа на предлогот на Комисијата. ч л е н 12. За секој тип на признание Комисијата во предлог-одлуката до Председателството на ВФМ доставува изгласана номинација за троица кандидати доколку ги исполниле условите од посебните критериуми. ч л е н 13. Гласањето на членовите на Комисијата е јавно, доколку некој од нив не побара тајно гласање. ч л е н 14. Од пристигнатите номинации Комисијата изготвува листа на номинирани кандидати кои ги исполнуваат посебните услови за секој тип на признание и врз основа на неа врши избор и гласање.
IV- П О С Е Б Н И У С Л О В И З А Д О Д Е Л У В А Њ Е 1. - ПРИЗНАНИЕ “ИЛИНДЕНКА“ ЗА ПОСТИГНАТИ ВИСОКИ СПОРТСКИ ч л е н 15. Историја-Оваа признание преставува највисока награда која ја доделува Воздухопловната Федерација на Македонија на поедици или екипа за постигнати високи спортски резултати во тековната година. Воспоставена е во 2006. година и за прв пат ќе се додели во 2006. година. Добитници-Признанието се доделува на поединци или екипи кои во тековната година постигнале врвни резултати на светски, европски или државни првенства, или постигнале забележителни светски односно европски рекорди.
ч л е н 17. Приоритет во рангирањето имаат освојувачи на прво, второ или трето место на светско, европско првенство или високо рангирани светски купови. ч л е н 18. Постигнување на светски или европски рекорди, според исполнетите услови пропишани од страна на FAI и нејзиниот правилник. ч л е н 19. Освојување три пати, едно по друго, на државното првенство, во воздухопловната гранка во која се натпреварува. ч л е н 20. Предлагачите се должни апликациите да ги достават најдоцна до 1(први) ноември во тековната година за да влезат во процедура за разгледување. ч л е н 21. Може да се доделат до 2 (две) признанија во текот на календарската година. ч л е н 22. Историја-Признанието преставува највисока награда што ја доделува Воздухопловната Федерација на Македонија на поединци или организации кои дале значителен придонес во развојот на воздухопловството преку своите активности од интерес за ВФМ и спортските клубови, работа, иницијатива, поголеми донации, посветеност на спортското воздухопловство. Воспоставено е во 2006.година и за прв пат ќе се додели во 2006.година. ч л е н 23. Добитници-Признанието се доделува на лица или организации надвор или во Воздухопловната Федерација на Македонија кои во подолг период значително придонесуваат за развојот на спортското воздухопловство,кои со својата активност битно ја подобриле организираноста на воздухопловните гранки и спортските клубови, обезбедиле значителни донации и континуирано го афирмирале овој спорт во и надвор од државата.
ч л е н 24. Постапката за номинирање ќе биде како што е наведено во Главата-I. Можат да бидат доделени најмногу 2 (две) признанија во текот на календарската година доколку има повеќе кандидати кои ги исполнуваат условите. Прадлагачите се должни номинациите да ги достават најдоцна до 1 (први) ноември во тековната година. 3.-ПРИЗНАНИЕ “ИЛИНДЕНКА“ ЗА ДОЛГОГОДИШЕН ПРИДОНЕС ВО ч л е н 26. Историја-Признанието преставува највисока награда што ја доделува Воздухопловната Федерација на Македонија на лица кои со своето повеќегодишно бавење со воздухопловни спортски активности и придонеси во спортската кариера или активности во спортските Клубови, односно во Воздухопловната Федерација на Македонија, оставиле траен белег во воздухопловниот спорт. Воспоставено е во 2006.година и за прв пат ќе се додели во 2006.година. ч л е н 27. Добитници-Признанието се доделува на лица, членови на Воздухопловната Федерација на Македонија, кои оствариле повеќе од десетгодишна континуирана и успешна натпреварувачка активност и со постигнатите спортски резултати на домашни и меѓународни натпревари го афирмирале македонското спортско воздухопловство, како и на лица кои преку својата долгогодишна активност, работа, успешност, иницијатива, организациски способности и посветеност придонеле во вкупниот развој на спортското воздухопловство и неговите институции. ч л е н 28. Постапката за номинирање ќе биде како што е наведено во Глава-I . Во текот на тековната година можат да бидат доделени, доколку кандидатите ги исполнуваат условите, најмногу 2 (две) признанија. ч л е н 29. Предлагачите се должни номинациите да ги достават најдоцна до 1 (први) ноември во тековната година.
IV-ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ ч л е н 30. Предлог-одлуката Комисијата, потпишана од членовите кои учествувале во нејзино донсување, ја доставува до Председателството на ВФМ, кое на своја Седница со гласање ја носи конечната Одлука и тогаш таа станува правосилна и конечна. Право на задолжително толкување на овој Правилник има Председателот на Комисијата за награди и признанија, Председателот на ВФМ и Генералниот секретар на ВФМ. ч л е н 32. Описот на изгледот на признанието ќе биде дадено во посебен анекс на Правилникот. Овој Правилник е донесен на 15.12.2006.година и стапува на сила со денот на донесувањето. Председател на ВФМ С К О П Ј Е, ноември 2006.година
|
Дома | За нас | Клубови | Аткивности | Документи | Календар на натпревари | Контакт |
- English version |
"Воздухопловна федерација на Македонија" 2006.
Мирослав Крлежа бр.1 Скопје 1000