


Он нет интернет провајдер
Јавно претпријатие за аеродромски услуги

Автомото сојуз на Македонија
Екстремни спортови во Македонија
Авијацијата во Македонија

Аеро клуб „Штип“
Воздухопловната федерација на Македонија е член на Меѓународната воздухопловна федерација (FAI) и е единствен официјален македонски претставник за воздухопловните спортови.
Статут на Воздухопловната федерација на Македонија |
|
Љубомир Нетков стигна прв на првата трка на 7. Првенство во параглајдерство во Турција
 На 7.-то отворено Првенство на Турција во параглајдерско, дисциплина прелети (кроскантри), што се одржа во Кајсери од 18. до 24. август 2007.год. во организација на турската воздухопловна Федерација со учество на 64 пилоти од 5 земји, во три реализирани трки македонскиот преставник Љубомир Нетков од Клубот за воздухопловни спортови “Хели ХЦ“ од Скопје победи во првата трка, додека во генералниот пласман го зазема 4-тото место. Повеќе на www.outdoorfestival.org/pg2.htm. За комплетни ранг листи од првенството кликнете овде.

Прво место за Јованоски на меѓународен натпревар во Бугарија
Во организација на АВА Спорт и Аероклуб “Монтана од 14. до 19.август 2007.год во Монтана, Бугарија се одржа меѓународен натпревар во параглајдерство, дисциплина прелети, категорија ФАИ-2. Во конкуренција на 19 пилоти од 5 држави во одржани три успешни трки победник во генерален пласман стана македонскиот параглајдерист Мартин Јованоски од Параглајдинг клубот “Делта“ –Прилеп со освоени 2271 бод.

Резултати од 9. Меморијален падобрански куп во Јагодина, Србија
 Од 27. до 29. јули во Јагодина, Србија се одржа 9.Меморијален падобрански куп “Горан Остоиќ и сви пали борци“ каде што учество зеде и Аероклубот “Доне Божинов“ од Куманово со своја падобранска екипа. Во учество на 12 екипи и 48 падобранци, Љубиша Младеновски во поединечна конкуренција го освои четвртото место, додека во екипна Аероклубот “Доне Божинов“ го зазема шестото место. За целосната ранг листа во PDF кликни овде.
.
Прво место за нашиот параглајдерист Мартин Јованоски
 На Параглајдерскиот куп “Сиќево-Ниш 2007“ во Србија, од 01 до 07 јули 2007.год. во дисциплина прелети (кроскантри), македонските параглајдеристи остварија солиден пласман. Во јуниорска конкуренција Мартин Јованоски го освоји првото место, додека во вкупниот пласман, редоследот на нашите репрезентативци кои се пласираа во првите десет е следен: Мартин Јованоски на 5-то место, Горан Димишковски 8-мо и Златко Спиркоски 10-то место од вкупно 37 натпреварувачи. Повеќе на www.albatrosnis.org.

Учество на македонски параглајдеристи на меѓународниот параглајдерски куп “Ailoea 2007“-Драма, Грција.
 На меѓународниот параглајдерски куп, дисциплина прелети (кроскантри) што се одржа во Драма –Грција од 21. до 24. јуни 2007.год. учество земаа 148 натпреварувачи од 14 земји, меќу кои и 21 параглајдерист од Македонија.
Овој натпревар се бодува и за македонскиот лига куп. Позначајни места освоиjа Владимир Неделковски (7. место), Игор Тодевски (14. место), Горан Димишковски (15. место) и Мартин Јовановски (20. место) во вкупниот пласман, во женска конкуренција Каролина Смилевска се пласира на 6.-тото место.
За националниот лига куп на овој натпревар првопласиран е Владимир Неделковски со 930 бода, второто место го зазеде Александар Гацевски со 768 бода и како трет Игор Тодевски со 596 бода. Повеќе на www.aiolosdrama.gr

На меѓународниот параглајдерски натпревар во прецизно слетување “Албанија опен 2007“ (09-12.05) кој се одржа во Валона македонските параглајдеристи постигнаа голем успех победувајќи во поединечна и екипна конкуренција. Кристијан Темелкоски (Делта-Прилеп) го освои првото место со 154 негативни поени. Второто место го освои Илија Влканов од Бугарија (167) додека третото место му припадна на Славко Сеница од Словенија (170). Значајни постигнувања имаа и македонските пилоти Киро Гиноски (Делта клуб -Прилеп) и Милан Јованоски (Делта- Прилеп) со освојување на 4-тото односно 5-ото место. Македонската репрезентација (К. Темелковски, К. Гиноски, М. Јованоски и С. Спасоски) победи со убедлива предност (2669) пред Бугарија (4266) и Србија (7117).
На овој натпревар кој по пети пат успешно го организираше Националниот аеро клуб на Албанија учествуваа 68 пилоти од од 9 земји.

Од 26. до 27.мај 2007.год. во Штип на спортскиот аеродром “Сушево“ се одржа 48-осмото Државно првенство во ракетно моделарство, според Правилникот на ФАИ, а во организација на Аероклубот “Штип“ од Штип и Воздухопловната Федерација на Македонија во категории С4А, С6А (јуниори и сениори), С9А (сениори) и С7.
Во категорија С4А првопласиран кај сениорите е Блаже Коцов од АК“Витачево“-Кавадарци, втор е Николче Јаневски од РВК“Циолковски“-Прилеп и како трет Станислав Најдовски од истиот клуб, додека екипно прв е РВК“Циолковски“ од Прилеп со 741 бод, Втор АК“Витачево“ од Кавадарци со 659 бода и како трет АК“Штип“ од Штип со 317 бода.
Кај јуниорите првопласиран е Александар Исаков од АК“Витачево“-Кавадарци, Драган Спасов од АК“Штип“-Штип го зазеде второто место и како трет Панов Борче од истиот АК.
Првопласиран во категоријата С6А за сениори е Лазар Малинов од АК“Штип“-Штип, второто место го зазеде Георги Георгиевски од АК“Штип“-Штип и трет беше Николче Јаневски од РВК“Циалковски“-Прилеп, а во екипна конкуренција првопласиран е АК“Штип“-Штип со 646 бода, втор РВК“Циалковски“-Прилеп со 638 бода и третопласиран е АК“Витачево“ од Кавадарци.
Во категоријата С9А на прво место се пласира Николче Јаневски од РВК“Циалковски“-Прилеп, втор беше Георги Георгиевски од АК“Штип“-Штип и како трет Лазар Малинов од истиот АК.
И во категоријата С7 првопласиран е Лазар Малинов, втор Драган Спасов и трет Илија Спасов сите со прототипови “Nike Apache“.
На отворениот меѓународен дел од превенството настапија натпреварувачи од Русија, Србија, Бугарија и Романија. 

 Од 5. до 6. maj 2007.год. Аероклубот “Штип“-Штип со директорот на натпреварот Јован Северов го организираа Првиот лига натпревар во параглајдерство, дисциплина прецизно слетување (“Куп Штип 2007“). Поради неповолните метео услови појдовните позиции не беа од Богословец, туку од терените кај селото Чардаклија.
Во поединечна конкуренција првото место го зазеде Миле Јованоски од ПК “Делта“-Прилеп со 83 бода, на второто место се пласира Кристијан Темелкоски од Клубот “Цунами“ со 124 бода и третопласиран беше Киро Гиноски од КЛЛ“Делта клуб“-Прилеп со 368 бода.
Во екипна конкуренција на пвото место се пласира КЛЛ“Делта клуб“ од Прилеп со 3289 бода, второпласирен е Клубот“Цунами“ со 4322 бода и на третото место се најде ПК“Делта“ од Прилеп со 5760 бода. 

 Во организација на Параглајдерскиот клуб “Вертиго“ со директорот на натпреварот Сашо Смилевски од Скопје од 28. до 30. април 2007.год се одржа Првиот лига натпревар во параглајдерство, дисциплина прелетети од терените на Водно. По одржаните три трки со 1801 бод првото место го освои Владимир Неделковски од Параглајдерскиот клуб “Екстрема“-Скопје, на второто место се пласира Игор Тодевски од Клубот за воздухопловни спортови “Хели ХЦ“-Скопје со 1749 бода и како трет заврши Мартин Јовановски од истиот Клуб со 1408 бода.

Резултати од Првиот параглајдерски светски куп во Крушево
На Првиот параглајдерски светски куп (PWC) “Крушево 2007“ дисциплина прецизно слетување, во организација на КЛЛ“Делта клуб“ од Прилеп и ВФМ, а под покровителство на Агенцијата за млади и спорт, од 31 март до 1 април во Крушево, во поединечна конкуренција првото место го освои Свољсак Антон од Клубот“Quatro seniori“ од Словенија, второпласиран беше Мартин Јованоски од “Sky Vidra“-Македонија и како трет Клокосовиќ Симеон од CUK“Dravograd“-Словенија.
Во екипна конкуренција првопласиран е CUK“Dravograd“ од Словенија со 325 бода, второпласирен е ПК“Перник“ од Бугарија со 865 бода и како трет Клубот “Skay Vidra“ од Македонија.
Голем придонес во успешната организација на Светскиот куп кој за прв пат се организира во Македонија дадоа членовите на КЛЛ“Делта клуб“ од Прилеп на чело со Златко Спиркоски и Киро Гиноски.

Резултати од 10. Светско параглајдерско првенство во Манила, Австралија
На 10. ФАИ Светско параглајдерско првенство во дисциплина крос кантри што се одржа во Манила, Австралија од 24 февруари до 9 март, во поединечна конкуренција Горан Димишковски го освои
57-то место, а Владимир Неделковски 121-то место во конкуренција од 149 летачи.
Во екипна конкуренција македонската репрезентација се пласира на 32-то место, од 39 репрезентации кои настапија на ова Светско првенство. www.manilla2007.com
Прием на македонската парглајдерска репрезентација во Агенцијата за млади и спорт
На 3 март годинава Ивица Георгиевски, директорот на Агенцијата за млади и спорт ја прими параглајдерската репрезентација, која учествуваше на 4. Светско параглаjдерско првенство во дисцплина „прецизно слетување“. На репрезентативецот Мартин Јовановски, кој го освои бронзениот медел, а воедно и прв медал во летачки дисциплини на Светски првенства, му беше доделена награда во вредност од 50 илјади денари од страна на директорот Георгиевски.
Медал за Македонија на 4.-тото Светско параглајдерско првенство во Тракаи, Литванија

Оваа е прв медал што Македонија го има освоено на светските првенства во параглајдерство. 
На фотографијата: Мартин Јованоски, првиот парагладинг репрезентативец кој се вратил со медал од Светско првенство 
|
На Светското параглајдерско првенство во дисциплина прецизно слетување што се одржа во Тракаи, Литванија македонскио репрезентативец Мартин Јованоски го освои бронзенио медал, а нашата репрезентација се пласира на петото место во конкуренција на 14 нации. Во генералниот пласман Златко Спиркоски го зазеде осмото место, Кристијан Темелкоски петнаесетото, а Киро Гиноски триесет и првото место. Во женска конкуренција Адријана Јолеска се пласира на осмото место.  |
Македонска Параглајдерска Репрезентација на 4. Светско параглајдерско првенство - дисциплина прецизно слетување во Тракаи, Литванија
Македонската параглајдерска репрезентација во состав Златко Спиркоски, Киро Гиновски, Кристијан Темелкоски и Адријана Јолеска, сите од Клубот за лесни летала “Делта клуб“- Прилеп и Мартин Јованоски од Параглајдинг клубот “Делта“ - Прилеп, отпатуваа на 4. Светско Параглајдерско првенство во дисциплина прецизно слетуваење кое се одржува во Тракаи - Литванија од 9 до 18 февруари 2007.година.
На шампионатот учествуваат седумдесет параглајдеристи од 14 земји. Специфика на оваа светско првенство е што натпреварувачите во воздух се дигаат со помош на витло, а не со залет од повисока падина.
На светската ранг листа (ВРС) што ја води Светската Воздухопловна Федерација (ФАИ) за 2006 година, за дисциплина прецизно слетување, од 21 држава Македонија е рангирана на трето место зад првопласираната Словенија и второпласираната Англија.
Од 100 пилоти од целиот свет кои котират на ВРС листата, младиот Мартин Јованоски (17 години) е рангиран како десети.
Со оглед на квалитетот на нашата Репрезентација очекувањата се дека нашите репрезентативци овој пат ќе се закитат со една од медалите. www.pagaukvcja.lt

На 16.02.2007.година македонскиот репрезентативец, параглајдеристот Менде Вељановски за прв пат во Австралија скокна со параглглајдер од моторизиран змеј, а потоа и од балон на топол воздух, со што стана забележан во австралиската воздухопловна историја како прв параглајдерист кој ги има изведено ваквите скокови. Повеќе за потфатот на Вељановски на www.poliglide.com 


 Под покровотеластво на ВФМ во организација на Клуб за лесни летала “Делта клуб“ од Прилеп од 31 март до 4 април во Крушево ќе се одржи 1. Светски куп во параглајдерство-дисциплина прецизно слетување, “Крушево 2007“, категорија ФАИ-2. Оваа е еден од пете Светски купа во екипна и поединечна конкуренција кои се бодуваат за светската ранг листа на ФАИ. На купот ќе земат учество преку педесет параглајдеристи од Словенија, Англија, Хрватска, Бугарија, Србија, Холандија...

Најуспешни спортисти во 2006 година во Воздухопловната Федерација на Македонија
Воздухопловната Федерација на Македонија 01 февруари оваа година, додели признанија на најуспешните спортисти во воздухопловните спортови. Најуспешен спортист за 2006 година во параглајдерство дисциплина прелети (крос-кантри) е членот на Параглајдерскиот клуб “Екстрема“ од Скопје, Владимир Неделковски.
Во воздухопловното моделарство најуспешни се, во јуниорска конкуренција Димитар Радњански од Аеро клубот “Витачево“- Кавадарци, а во сениорска Гоце Јосифовски од истиот Аеро клуб.
Најуспешни во ракетното моделарство во јуниорска конкуренција е Борче Панов од Аеро клубот “Штип“ од Штип, додека во сениорска признанието го доби Станислав Најдоски од Ракетно воздухопловен клуб “Циолковски“ од Прилеп. фото: Никола Давидов (www.avijacija.com.mk)

Прогласување на победници во Лига натпреварите за 2006
Победници во Параглајдинг Лига купот за изминатата година во дисциплина прелети ( крос-кантри ) во женска конкуренција на првото место се пласира инзонредната спортистка Каролина Смилевска од Параглајдерскиот клуб “Вертиго“- Скопје, на второ место се пласира Мирјана Симовска од Клубот за воздухопловни спортови “Хели ХЦ“ исто така од Скопје, додека третото место го освои Ели Крајчевска од Параглајдерскиот клуб исто како и овогодишната победничка, а тоа е “Вертиго“ од Скопје. фото: Никола Давидов (www.avijacija.com.mk)

Во машка конкуренција во истата дисциплина првопласиран е Владимир Неделковски од Параглајдерскиот клуб “Вертиго“ од Скопје, на второ место се пласира Нетков Љубомир од Клубот за воздухопловни спортови “Хели ХЦ“исто така од Скопје, а како трето пласиран беше Златко Спиркоски од прилепскиот Клуб за лесни летала “Делта клуб“ 
Најуспешни во Параглајдинг Лига купот- дисциплина прецизно слетување за 2006. година се Златко Спиркоски од Клубот за лесни летала “Делта клуб“од Прилеп, второпласиран е Мартин Јованоски од Параглајдинг клубот “Делта“ исто така од Прилеп, а како трет пак се пласира Кристијан Темелкоски од истиот прилепски клуб ако и првопласираниот Клуб за лесни летала “Делта клуб“ од Прилеп фото: Никола Давидов (www.avijacija.com.mk)

Доделување на меѓународното признание “Пол Тисандиер“
За придонес во развојот на воздухопловните спортови и афирмација на македонското воздухопловство во меѓународни рамки, на пилтотот на едрилици, падобранецот и поранешен Генерален секретар на Воздухопловната Федерација на Македонија, Зоран Иванов од страна на Светската воздухопловна федерација (ФАИ) му се доделува признанието “Пол Тисандиер“. За историјата на ова меѓународно признание постете ја веб страницата www.fai.org/awards фото: Никола Давидов (www.avijacija.com.mk)
  На 9. Европско првенство во параглајдерство- прелети во Морзин- Франција од 01 .07. до 14.07.2006.год. македонската репрезентација во состав Горан Димишковски, Владимир Неделковски, Игор Тодевски, Владимир Здрав- ковски, СашоСмилевски,  Каролина Смилевска и Мирјана Симоновска од 30 земји учеснички го освои 12-тото место.Од 134 натпреварувачи Горан Димишковски поединечно се пласира на 48-то место, Владимир Неделковски на 52-то и Игор Тодевски на 60-тото. www.europaragliding.com

 На 16.Светско првенство во ракетно моделарство кое го организираше Русија во Бајконур-Казакстан од 16.09. до 29.09.2006.год. македонската сениорска репрезентација настапи во состав Лазар Малинов, Георги Георгиевски и Станиша Петровиќ. На првенството настапија 300 натпреварувачи од 25 земји во јуниорска и сениорска конкуренција во осум дисциплини. Во шест натпреварувачки дена нашите репрезентативци го освојиа 6-то место во категорија ракети висинки, 16-то место во категорија ракети со падобрани и 14-то место во категорија ракети со стример.
  На 1.Светско првенство во пара- глајдерство-акробации во Вилнев- Швајцарија од 18.08. до 27.08.2006.год. македонскиот репрезентативец Мендо Вељановски го освои 33 место.Од 20 земји настапија 40 натпреварувачи кои се изборија за учество,а поради ограничен број на натпреварувачи право на настап имаат само 40 прворангирани од светската ранг листа (VPRS) која ја објавува FAI. www.rebull-vertigo.com
 Од 09.05. до 13.05.2006.год. во Валона Р.Албанија со учество на Р.Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Грција, Бугарија, Словенија, Хрватска и натпреварувачи од Косово, со преку 52 параглајдеристи, се одржа отворено првенство во параглајдерство дисциплина прецизно слетување “Албанија Опен 2006“. Македонската екипа, составена од членови на КЛЛ “Делта клуб“ и ПК “Делта“ двата од Прилеп, го освои првото место во екипна конкуренција со освоени 1530 бода. Додека во поединечна конкуренција првите четири места ги освоиа Златко Спиркоски, Мартин Јованоски, Кристијан Темелкоски и Миле Јованоски.

  Во Анеси, Франција на Светскиот Куп во параглајдерство дис- циплина акробации- поединечно од 25.05. до 28.05.2006.год. меѓу натптеварувачи од 10 земји од светската ранг листа во оваа дисциплина, репрезен- тативецот на Р.Маке- донија Мендо Веља- новски се пласира на 25-тото место. www.acrofolies.org

  На Светскиот Куп во параглајдерство- дис- циплина акробации во Омегна, Италија од 10.08. до 13.08.2006.год. со учество на 40 натпреварувачи од светската ранглиста за акробатско летање од 13 земји, македонскиот преставник Мендо Вељановски се пласира на 30-то место. www.acroaria.it
 На одржаното отворено првенство на Србија “Рашка Опен 2006“ од 30.09. до 01.10.2006.год. во параглајдерство дисциплина прецизно слетување, шеснаестгодишниот Мартин Јованоски го освои првото место со само 46 негативни поени во конкуренција на 64 натпреварувачи, додека Миле
Јованоски од ПК “Делта“ од Прилеп се пласира на трето место. 

Врв на страната  |