Aеромитинг
Воздухопловната федерација на Македонија под покровителство на ЈПАУ Македонија-Скопје во чест на јубилејот “55 години Аеродром Охрид”, организира аеромитинг на ден 5.07.2008 (сабота) со почеток во 13:00 часот на Аеродромот Св. Апостол Павле-Охрид.
Во реализација на аеромитингот покрај воздухопловите и стручниот кадар на Федерацијата и нејзините клубови, учество земаa и военото воздухопловство на АРМ, хеликоптерското одделение при МВР како и приватни мали авиони.
Согласно двочасовната програма на небото над Охридскиот аеродром своите вешти ни ги покажаa пилотите на хеликоптерите Ми 17, Ми 24, АБ 212, на авионите УТВА, цесна и бројни ултралајт воздухоплови.
Падобранците од спортските клубови во Македонија направија два скока од хеликоптер, од кои вториот беше десантен скок.
Пред - светско Првенство во Параглајдерство
Од 20 до 22 јуни 2008 год. во Хрватска во Такошчан општина Вараждин се одржа Пред светско Првенство во Параглајдерство во дисциплината „прецизно слетување на цел“.
На натпреварот учествуваа 85 натпреварувачи од 16 држави. Со само 11 негативни поени,18-годишниот Мартин Јовановски репрезентативец на Македонија го освои првото место. 17 на ранг листата беше Кристијан Темелковски додека Миле Јовановски го освои 26-то место.
9-ти Светски куп во ракетно моделарство

На 24 и 25 мај во Штип на спортскиот аеродром „Штип„ ќе се одржи 9-ти Светски куп во ракетно моделарство во организација на аеро клуб Штип.
Свеченото отвoрање ќе биде во 11:15 часот.

Спортски натпревар - Албанија опен, 2008
Од 6 до 10 мај во Валона - Албанија се одржа маѓународен параглајдерски натпревар на кој присуствуваа 12 држави и околу 100 пилоти натпреварувачи.
Во одлични услови со одлетани 9 серии во дисциплината „Прецизно слетување на цел“, Македонската репрезентација го зазеде првото место во екипна конкуренција.
Екипата беше составена од Кристијан Темелковски, Кире Гиноски, Спире Спасевски и Миле Јованоски.
Во поединечната конкуренција второто место му припадна на Миле Јованоски. Прво место освои Антот Сволшак од Словенија додека трето место му припадна на Димитар Ралев од Бугарија.
Светскиот куп во прецизно слетување со параглајдери - PGAWC KRUSEVO 2008
Делта клуб под покровителство на Воздухопловната Федерација на Македонија, по втор пат го организираше Светскиот куп во прецизно слетување со параглајдери, PGAWC KRUSEVO 2008 ( ФАИ 2 категорија на натпревар).
На натпреварот зедоа учество 68 натпреварувачи од 8 земји и тоа: Велика Британија, Холандија, Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Бугарија и Македонија. Првото место го делеа со ист број на поени Матјаж Ферариќ и Зоран Петровиќ.
Рангирање поединечно:
- Матјаж Ферариќ -Словенија
- Зоран Петровиќ - Србија
- 3. Антон Свољшак - Словенија
Најдобро пласиран македонски натпреварувач е Златко Спиркоски кој го освои петтото место. Миле Јованоски заврши на шесто, Кристијан Темелкоски на деветто , Киро Гиноски на десетто и Мартин Јованоски на 14 место.
Рангирање екипно:
- РЕКО - Инжинеринг - Македонија
- ЧУК - Дравоград Словенија
- КАЊА - Словенија
Екипата на РЕКО инжинеринг Македонија ја сочинуваат Златко Спиркоски, Мартин Јованоски, Миле Јованоски, Киро Гиноски и Кристијан Темелкоски, сите од Прилеп
МУРА КУП 2008
На 16-18 март 2008 година се одржа светскиот куп МУРА КУП 2008 во моделарство во Словенија.
Анастасов Аљоша од Македонија го освои треттото место повеќе>>
Најдобри спортисти за 2007
Воздухопловната федерација на Македонија на 04 март 2008 год. во салата на Домот на градежниците во Скопје, со почеток во 20 часот организира настан за прогласување на најуспешните воздухопловни спортисти во 2007 година.
Притоа во гранката воздухопловно моделарство за најдобар спортиста во јуниорска конкуренција беше избран Кирил Димески додека пак во сениорската Гоце Јосифовски. Во рамките на ракетното моделарство најдобри резултати на домашни и меѓународни натпревари постигнаа јуниорот Драган Спасов и сениорот Николче Јаневски.
За најдобар параглајдериста за 2007 година со одлука на претсeдателството на Воздухопловната федерација на Македонија беше изгласан Мартин Јованоски.
Повеќе...
9-тото изборно Собрание на ВФМ
На 21.септември 2007.год. се одржа 9-тото изборно Собрание на ВФМ на кое присуствуваа 44 делегати од 20 воздухопловни спортски клубови од цела Македонија. На Собранието е избрано ново Председателство на ВФМ од 11 (единаесет) члена и нов Председател-Тодор Шумански. Покрај Председателот на ВФМ членови на Председателството се: Игор Божиновски (АК“М.Тодоровски“-Битола), Љупчо Стаменковски (АК“Д.Божинов“-Куманово), Дејан Пеливаноски (АК“Прилеп“-Прилеп), Дејан Саздовски (АК“Скопје“-Скопје), Горан Димишковски (ПК“Екстрема“-Скопје), Никола Бараковски, Ѓорѓи Манчевски, Горан Груевски, Ернад Фејзулаху (Аенција за цивилно воздухопловство), АК“Штип“-Штип ќе делегира свој преставник кога ќе избере нов председател на Управен одбор, со оглед на тоа што сегашниот стана Председател на ВФМ.
Членови на Надзорниот одбор станаа: Зоран Ивановски, Јован Узелац и Александар Дрогрешки.
“Macedonija open 2007” - Крушево
Во Крушево од 30. јули до 05. август 2007.год. се одржа Државното првенство и отворено меѓународно “Macedonija open 2007” во параглајдерство-дисциплина прелети (кроскантри) во организација на параглајдерскиот клуб “Екстрема“ од Скопје и подршка од ВФМ.
Во бодувањето за државното првенство на прво место се пласира Горан Димишковски од ПК“Екстрема“ со што стана државен првак, второто место го освоји Владимир Неделковски од истиот клуб и на третото Љубомир Нетков од КВС“Хели ХЦ“.
На отвореното првенство во меѓународна конкуренција на триесет пилоти од Македонија, Финска, Босна и Херцеговина и Србија првопласиран е Горан Димишковски, второпласиран е Ари Сахлстром од Финска и на трето место се пласираше Владимир Неделковски.
Екипно првото место му припадна на ПК“Екстрема“ од Скопје, второто на КВС“Хели ХЦ“ исто така од Скопје и како третопласиран е КЛЛ“Делта клуб“ од Прилеп.
Со три успешно излетани трки натпреварот доби полна валидност од страна на ФАИ, со што се очекува нашите пилоти да се искачат повисоко на ФАИ ранг листата. Моментално Македонија е на 29. место од 67 земји кои се рангираат, а најдобро пласиран поединец е Горан Димишковски кој се наоѓа на 40 од преку 3000 натпреварувачи кои се котираат на листата. Комплетна ранк листа овде.

Трето место на Светскиот куп за македонскиот параглајдерист Мартин Јованоски
На Светскиот параглајдерски куп во прецизно слетување (Paragliding accuracy world cup, Croatia 2007), што се одржа во Тракошчан-Хрватска од 09. до 10. јуни 2007.год. петте македонски натпреварувачи остварија одлични пласмани, при што Мартин Јованоски го освои третото место од вкуно 61 натпреварувач од Словенија, Хрватска, Србија, Македонија, Англија, Унгарија и Бугарија, Златко Спиркоски се пласира на петтото место, Миле Јованоски на шесттото, Киро Гиноски на осумнаесетото и Адријана Јолеска на четириесет и петтото место.
Во клубска конкуренција КЛЛ“Делта клуб“-Прилеп се пласира на шесттото место, а ПК“Делта“-Прилеп на осмото место од вкупно тринаесет клуба кои земаа учество.
Со овие пласмани Македонија ќе се зацврсти на второто место на светската ранг листа што ја води ФАИ, а Мартин Јованоски сигурно ќе се искачи повисоко од сегашното петто место, кое моментално го зазема, на истата оваа листа во поединечна конкуренција. Повеќе на www.bednja.hr/paragliding/

Горан Димишковски се пласира на 16. место на Светскиот параглајдерски куп во дисциплината прелети
На вториот лига куп од Светскиот параглајдерски куп во дисциплината прелети (крос кантри) што се одржа од 02. до 09. јуни 2007.год. во Агер-Шпанија, со излетани пет трки, македонскиот репрезентативец Горан Димишковски се пласира на одличното 16. (шеснаесето) место од вкупно 129 најдобри светски натпреварувачи во оваа дисциплина, со што на Македонија и го обезбеди исто така 16. место од вкупно 23 нации кои учествуваат во овој Светски куп. Повеќе на www.paraglidingworldcup.org

Се одржа Светскиот куп “Прилеп бренд 2007“ и 55-тото Државно првенство во воздухопловно моделарство на слободно летачки модели
На 9. и 10. јуни 2007.год. на спортскиот аеродром Мало Коњари кај Прилеп во организација на АК“Прилеп“-Прилеп и ВФМ и Директорот на натпреварот Здравко Тодороски се одржа Светскиот куп “Прилеп бренд 2007“ и 55-тото Државно првенство во воздухопловно моделарство на слободно летачки модели во јуниорска и сениорска конкуренција.
На натпреварите учество земаа преку четириесет натпреварувачи од Словенија, Србија, Бугарија, Австралија и од Македонија од Аероклубовите од Скопје, Кавадарци, Кичево и Прилеп во категориите Ф1А, Ф1Б, Ф1Ц и Ф1Х каде настапија учесници од самиот светски врв во овие категории.
Во светскиот куп-категорија Ф1А-сениори првопласирен беше Живко Николовски-Македонија, втор Милош Борџошки-Србија и трет Николај Николов-Австралија, кај јуниорите прв беше Милан Радониќ-Србија, втор Александар Ѓукиќ-Србија и трет Блаже Кочов-Македонија. Прочитај повеќе...

За воздухопловната федерација на Македонија
Први воздухопловни друштва во Македонија основани се 1923. година во Скопје и Струмица, а во есента 1926. година недалеку од Скопје на Зајчев Рид изведен е прв Аеромитинг.
На 15. јануари 1945 година одржано е Основачко собрание на Воздухопловното друштво, а во ревитализираната воздухопловна работилница истата година биле произведени две едрилици од типот "Цилинг".
Во април 1946. година со Одлука на Владата на Македонија формиран е Едриличарски Сојуз на Македонија кој прераснува во Земски одбор за Воздухопловство, а во 1951 година се воспоставува Републички Воздухопловен Центар кој располагал со 30 едрилици, 150 падобрани и 19 авиони. Повеќе...

Врв на страната  |